Неизвесноста расте во редовите на Барселона пред полуфиналниот натпревар од Суперкупот. Според информациите на шпанските медиуми, младата ѕвезда Ламине Јамал не учествувал на последниот тренинг во Џеда пред утрешниот дуел против Атлетик Билбао.
Јамал не излегол на терен со остатокот од екипата, туку работел индивидуално во теретана, што веднаш отвори прашања околу неговата подготвеност за натпреварот. Од таборот на каталонскиот клуб засега нема официјално соопштение за неговата состојба.
Слична ситуација имаше и пред дуелот со Еспањол, кога Јамал го пропушти завршниот тренинг, но сепак се најде во стартниот состав и настапи на мечот, што остава простор за оптимизам кај навивачите.
За разлика од него, на тренингот во целост учествуваше дефанзивецот Роналд Араухо, кој успешно ги одработи сите предвидени активности. Дали уругвајскиот стопер ќе биде дел од стартната постава против Атлетик Билбао ќе стане јасно непосредно пред почетокот на натпреварот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












