• Импресум
Sunday, June 21, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Сиљановска-Давкова: Лидерските средби се подобри од разговори преку посредници

16/01/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Претседателката Силјановска на конференција за Украина во Берлин

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оценува дека директните средби меѓу лидерите на политичките партии се покорисни од разговори преку посредници. Според неа, по неодамнешната лидерска средба сите учесници биле релаксирани и уверени дека следниот чекор ќе биде уште подобар, но смета дека на средбата требало да присуствува и лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче.

Во гостување на ТВ Сител, Сиљановска-Давкова истакна дека е време лидерите да седнат и заеднички да креираат решенија за измените на Изборниот законик, но тоа да се прави на почетокот на мандатот, а не на неговиот крај, и не само околу прашањето за изборните единици.

Таа се осврна и на темата за техничката влада што функционира пред избори, оценувајќи дека станува збор за препартиска структура без уставен основ. Според неа, не е добро во моментов да се оди на предвремени парламентарни избори, бидејќи државата има сериозни започнати процеси кои треба да се довршат.

Сиљановска-Давкова нагласи дека лидерските средби можат да ги зајакнат лидерите, но истовремено да ги ослабнат институциите. Сепак, во поделено општество како македонското и во рамки на консоцијативната демократија, ваквите средби понекогаш се неопходни и покорисни од индиректна комуникација.

Неучеството на Филипче на средбата, според претседателката, претставува негова грешка, бидејќи поканата била испратена. Таа додаде дека е подобро прво да се слушнат аргументите на сите страни, па потоа да се излегува со јавни изјави.

Во однос на техничката влада, Сиљановска-Давкова истакна дека во Уставот не постои поим за преодна или техничка влада и дека моделот што се применува кај нас е специфичен и проблематичен. Како спорни ги наведе дополнителните министри и заменици министри со право на вето, како и улогата на Државната изборна комисија во финансиските спорови.

Таа потсети дека укинувањето на техничката влада било тема на критика од сите партии, вклучително и од СДСМ, уште во минатото.

Во делот за Изборниот законик, претседателката посочи дека клучни прашања се начинот на претворање на гласовите во мандати, изборниот модел (една изборна единица или повеќе), еднаквоста на гласот, како и условите за независни листи. Според неа, потребно е да се разгледаат и прашањата за финансирање, политичко рекламирање и препораките на ОБСЕ и Венецијанската комисија, со цел да се создаде подобра основа за идните изборни процеси.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на нафтата се зголемија за 8 отсто, аналитичарите го гледаат барелот на 100 долари
Вести

Нафтена дамка се шири во Каспиското Езеро, службите на терен

21/06/2026
Вандализам во училишен двор во Аеродром: Градоначалникот објави снимка од надзорни камери
Вести

Вандализам во училишен двор во Аеродром: Градоначалникот објави снимка од надзорни камери

21/06/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни
Вести

СДСМ предупредува на криза, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека економијата расте

21/06/2026
Утре почнува нова учебна година, ќе трае до 17 јуни, првпат ќе има и пролетен распуст
Вести

Над 11.800 слободни места за упис во средните училишта

21/06/2026
САД има начин да ја запре иранската нуклеарна програма, истакна Џеј Ди Венс
Вести

Американската делегација во Швајцарија: Во фокус крај на војната

21/06/2026
Истекува рокот на повикот за субвенции за нови авиолинии, утре отворање на понудите
Вести

Охрид и Виена поврзани со нова авиолинија која започнува од денес

21/06/2026
Следна вест
Ем поубаво, ем побезбедно: Kонечно осветлени натпатниците „дијамант” и „маџари”

Ем поубаво, ем побезбедно: Kонечно осветлени натпатниците „дијамант” и „маџари”

Најнови вести

Цените на нафтата се зголемија за 8 отсто, аналитичарите го гледаат барелот на 100 долари

Нафтена дамка се шири во Каспиското Езеро, службите на терен

21/06/2026
Вандализам во училишен двор во Аеродром: Градоначалникот објави снимка од надзорни камери

Вандализам во училишен двор во Аеродром: Градоначалникот објави снимка од надзорни камери

21/06/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

СДСМ предупредува на криза, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека економијата расте

21/06/2026
Утре почнува нова учебна година, ќе трае до 17 јуни, првпат ќе има и пролетен распуст

Над 11.800 слободни места за упис во средните училишта

21/06/2026
САД има начин да ја запре иранската нуклеарна програма, истакна Џеј Ди Венс

Американската делегација во Швајцарија: Во фокус крај на војната

21/06/2026
Истекува рокот на повикот за субвенции за нови авиолинии, утре отворање на понудите

Охрид и Виена поврзани со нова авиолинија која започнува од денес

21/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.