Горан Симов од денеска и официјално е нов шеф на стручниот штаб Македонија ЃП каде го наследува Муарем Бајрами кој неодмана се раздели со „лавовите“. За поранешниот тренер на Вардар и Силекс тоа воедно претставува и враќање во Ѓорче Петров каде мина дел од кариерата како голман од 2005 до 2008 година.
Симов кој важи за специјалист за трофеите во Куп натпреварувањето, притоа освојувајќи ги и како играч во дресот на Македонија ЃП, и како тренерот на Силекс во 2021 година верува дека може да стигне до нов Куп трофеј.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:„Доаѓам во добро позната средина, мојот прв клуб во Македонија. Како голман бев член на генерацијата што донесе прв куп пехар во Ѓорче, и тука сум бидејќи верувам во овие играчи и сум убеден дека и како тренер ќе го освојам куп пехарот“, изјави Симов.













