Службите на општина Карпош информираа дека ја исчистиле дивата депонија кај мостот Газела, со што просторот повторно е уреден и побезбеден за граѓаните.
Од општината посочија дека секојдневните акции за чистење на општинските служби се во насока на подобрување на животната средина и придонесување за почиста и поуредна општина.
Воедно, апелираа до сите граѓани да го чуваат овој простор чист, отпадот да го одлагаат на соодветни места и заеднички да спречат повторно создавање диви депонии.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












