• Импресум
Saturday, May 23, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Сондата на НАСА, со преимерок од астероидот Бену, безбедно слета на Земјата

25/09/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Сондата на НАСА, со преимерок од астероидот Бену, безбедно слета на Земјата

Сондата „ОСИРИС-Рекс“ на НАСА слета на Земјата, во американската сојузна држава Јута, со помош на падобран, носејќи околу 250 грама материјал собран на астероидот Бену.

Веднаш по слетувањето на Земјиното тло, примерокот успешно беше пренесен во лабораториите на НАСА во Тексас за тестирање. Со помош на 60 различни научни пристапи, тим од околу 200 стручњаци ќе се обидат да ги проучаат камчињата и правта од астероидот во обид да откријат показатели за настанокот на животот на Земјата.

 

Инаку, научниците претпоставуваат дека многу од клучните компоненти за развој на животот на „Сината Планета“ пристигнале во нејзината рана историја после удар на астероид. Со цел да ја истражи оваа хипотеза, НАСА лансираше сонда кон астероидот широк 500 метри во 2016 година. За леталото да стигне до Бену беа потребни две години, па следеа две мапирање на површината пред тимот научници и набљудувачи од Земјата да најде соодветно место за собирање на примерокот.

На 20 октомври 2020 година сондата се спушти до астероидот и успеа да земе доволна количина прав.

Инаку, според НАСА, Бену од сите присутни тела во Сончевиот Систем има најголема веројатност да удри во Земјата. Сепак, нема причина за грижа, бидејќи и таа веројатност за судир, иако постои, е многу мала, пишува „Сајенс алерт“ (Science Alert).

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дара донесе евровизиска победа за Бугарија
Вести

Дара донесе евровизиска победа за Бугарија

17/05/2026
Научниците откриваат нови придобивки од црниот чај
Вести

Научниците откриваат нови придобивки од црниот чај

16/05/2026
Како да ги отстраните маснотиите и бигорот од мијалникот
Вести

Како да ги отстраните маснотиите и бигорот од мијалникот

15/05/2026
Домашен десерт во чаша што изгледа како од слаткарница
Вести

Домашен десерт во чаша што изгледа како од слаткарница

14/05/2026
Зошто лебот од банана е омилен ширум светот
Вести

Како храната може да ја намали ефикасноста на лековите

13/05/2026
Сок од портокал и грејпфрут можат да влијаат на лековите за алергија
Вести

Сок од портокал и грејпфрут можат да влијаат на лековите за алергија

09/05/2026
Следна вест
СДСМ: Мерката „гарантирана цена“ е успешна и дава резултати

СДСМ: Мерката „гарантирана цена“ е успешна и дава резултати

Најнови вести

13 годишно момче со електричен тротинет тешко повредено во сообраќајка

Украден тротинет брзо пронајден, приведен 26-годишник од Тетово

22/05/2026
САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград

САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград

22/05/2026
Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

22/05/2026
Протест на приватните превозници: Не оставија без леб, срам да и е на градоначалничката!

Стоп за тендерот за електрични автобуси и полначи, следува нова постапка

22/05/2026
Маж приведен откако направил хаос во казино

Несекојдневен обид во затворот Идризово: Во 28 јајца откриени дрога и кокаин

22/05/2026
Во Скопје казнет 151 возач

Нов случај на семејно насилство во Прилеп, полицијата постапува

22/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.