• Импресум
Wednesday, June 24, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Спасовски: Има два начина како ВМРО-ДПМНЕ дошла до податоците за „Двојник“

14/04/2021
Време за читање: 1 минути
A A
Спасовски: Има два начина како ВМРО-ДПМНЕ дошла до податоците за „Двојник“

На прашањето дали планира да ги објави списоците со имињата на луѓето чии идентитети биле злоупотребени во „Двојник“, тој одговори дека не треба да се прави предвремена сензација.

Токму еден од уапсените луѓе во акцијата „Двојник“ е оној што ги извадил документите на 27 јануари и тие документи од тој датум се наоѓаат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа лице работи во правните служби токму на издавањето на личните документи. Втората можност за да се добијат сите овие податоци е периодот кога човек на ВМРО-ДПМНЕ раководеше со МВР. Ова го рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во денешното гостување во „Само вистина“, откако беше запрашан како податоците за аферата стигнале до опозицијата, но и дали МВР ќе ги информираше граѓаните за аферата доколку тоа не го стореше партијата на Христијан Мицкоски.

– Ова е обид за саботажа од страна на опозицијата. Покажав еден документ кога министер за внатрешни работи барал да му се достават сите податоци за што се водат истражни податоци. Исто така, тој барал пристап до системот на Интерпол. Ова се сериозни сомнежи и затоа повикав Обвинителството да одработи и да ги утврди аспектите. Ние веќе како МВР отворивме посебна криминалистичка обработка за вработени, сегашни и поранешни, кои во еден момент вадат документи од системот. Ние за неколку дена планиравме да ја известиме јавноста за акцијата – рече Спасовски.

Ако погледнете во регионот, додаде тој, тогаш ќе видите дека постојат исти такви случаи како што е „Двојник“ кај нас.

Има во Србија, во Хрватска, а кај нас започна во времето на поранешниот режим. Како еден од најзначајните примери се оние работи што се случија за двајцата бегалци Горан Грујовски и Никола Бошковски кои имаат други идентитети. Истрагата за „Двојник“ продолжува и ќе биде санкциониран секој оној што учествувал во криминалот, без разлика за кого се работи. Има лица кои се учесници во аферата, а кои не се вработени во МВР. Сите детали ќе бидат детално анализирани. Важно е тоа што институциите веднаш реагираа и спроведоа истрага којашто даде резултати. Еден добар дел од пасошите е направен во периодот додека беше министерот Наќе Чулев, меѓутоа траеше истрагата. Беше потребно подолго време за да заврши целосно истрагата, односно да имаме цврсти докази. Секој нов доказ којшто се прибавува, ако се отвори перспектива дека има вмешаност на други луѓе, секако дека тие ќе се соочат со лицето на правдата – рече Спасовски.

На прашањето дали планира да ги објави списоците со имињата на луѓето чии идентитети биле злоупотребени во „Двојник“, тој одговори дека не треба да се прави предвремена сензација.

– Сензација во истрагите воопшто не е потребна. Ќе бидат заштитени сите лица чии идентитети биле загрозени. Јас првиот ден кога дојдов во МВР реков дека треба да направиме неколку важни процеси. Декриминилизација, професионализација и департизација. Вие сега гледате дека највисоките структури во МВР во времето на режимот биле злоупотребувани за да ја окупираат државата. Сепак, ова МВР сега покажа капацитет дека знае да се справи со овие работи. Меѓутоа, дали постојат луѓе кои и сега се дел од тој систем, секако дека постојат и секако дека тие во еден момент можеби ќе направат потег за партиски цели. Имаме точен податок како материјалите од „Двојник“ стигнале до опозицијата – рече Спасовски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Возило излета од патот Ресен-Охрид
Вести

Кривична пријава против 67-годишник од Кочани за насилство врз дете

23/06/2026
Тажна вест за францускиот селектор Дешамп, почина неговата мајка
Вести

Тажна вест за францускиот селектор Дешамп, почина неговата мајка

23/06/2026
„Не ми е гајле за Меси“: Роналдо со краток одговор за ривалството
Вести

„Не ми е гајле за Меси“: Роналдо со краток одговор за ривалството

23/06/2026
СДСМ избира нов лидер на партијата
Вести

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во нова размена на обвинувања за бизниси во соседна Бугарија

23/06/2026
Вести

Објавувањето дипломатска нота за патување на моето семејство во Пампорово ги радикализира односите со Бугарија, кажа премиерот Мицкоски

23/06/2026
Прв случај на детска евтаназија во Холандија по законските измени
Вести

Прв случај на детска евтаназија во Холандија по законските измени

23/06/2026
Следна вест
Инспекторите затвориле три кафеани кои организирале свадби

Инспекторите затвориле три кафеани кои организирале свадби

Најнови вести

Возило излета од патот Ресен-Охрид

Кривична пријава против 67-годишник од Кочани за насилство врз дете

23/06/2026
Тажна вест за францускиот селектор Дешамп, почина неговата мајка

Тажна вест за францускиот селектор Дешамп, почина неговата мајка

23/06/2026
„Не ми е гајле за Меси“: Роналдо со краток одговор за ривалството

„Не ми е гајле за Меси“: Роналдо со краток одговор за ривалството

23/06/2026
СДСМ избира нов лидер на партијата

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во нова размена на обвинувања за бизниси во соседна Бугарија

23/06/2026

Објавувањето дипломатска нота за патување на моето семејство во Пампорово ги радикализира односите со Бугарија, кажа премиерот Мицкоски

23/06/2026
Прв случај на детска евтаназија во Холандија по законските измени

Прв случај на детска евтаназија во Холандија по законските измени

23/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.