Saturday, April 20, 2024

Светските лидери испраќаат помош во Анкара и Алепо

Светските лидери со силна поддршка за Турција и Сирија по катастрофалниот земјотрес во кој загинаа голем број луѓе.

Турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) ја повика меѓународната заедница на помош.

Холандија ќе испрати тим за пребарување и спасување во Турција за да помогне во одговорот на земјотресот во кој загинаа стотици, изјави холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хоекстра.

„ Овој тим вклучува полициски и воен персонал, служби за итни случаи и пожарникари. Шокиран сум од веста за разорниот земјотрес во Турција и Сирија. Нашите мисли се со жртвите, нивните семејства и многуте повредени Турци и Сиријци“, напиша Хоекстра на Твитер.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им изрази сочувство на жртвите и понуди помош. Стоиме со народот на Турција во ова тешко време. Подготвени сме да ја пружиме потребната помош за надминување на последиците од катастрофата“, напиша Зеленски на Твитер.

Индискиот премиер Нарендра Моди на Твитер напиша дека е шокиран од жртвите и материјалните штети во земјотресот.

„Индија се солидаризира со народот на Турција и е подготвена да ја понуди сета можна помош во справувањето со оваа трагедија“, напиша тој.

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф преку серија твитови им изрази сочувство на граѓаните на Турција и Сирија.

Израелскиот претседател Исак Херцог на Твитер напиша: „Државата Израел е секогаш подготвена да помогне на секој можен начин“. Нашите срца се со ужалените семејства и турскиот народ во ова болно време.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, рече дека САД се длабоко загрижени за уништувањето во Сирија и Турција.

„Бев во контакт со турските власти за да пренесам дека сме подготвени да ја обезбедиме сета потребна помош. Ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата во координација со Турција“, напиша Саливан на Твитер.

Британскиот премиер Риши Сунак ја повтори претходната порака од министерот за надворешни работи Џејмс Клеверли дека Велика Британија е подготвена да понуди помош по земјотресот во кој загинаа многу луѓе во Турција и Сирија.

„Моите мисли се со народот на Турција и Сирија утринава, особено со првите што реагираа толку храбро за да ги спасат заробените во земјотресот. Британија е подготвена да помогне колку што може“, напиша Сунак.

Рускиот претседател Владимир Путин упати сочувство до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и сирискиот претседател Башар ал Асад.

„Ве молиме прифатете го нашето длабоко сочувство во врска со бројните жртви и масовното уништување предизвикано од силниот земјотрес во вашата земја“, се вели во телеграмата на Путин, адресирана до Ердоган, која е објавена на веб-страницата на Кремљ.

Путин рече дека Русија е подготвена да ја обезбеди сета потребна помош. Во телеграмата до Асад, тој посочи дека Русија ја споделува тагата и болката на сите од Сирија кои ги загубиле своите најблиски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Следна вест