СВР Штип потврди дека во стан во Штип е пронајдена почината 20-годишна државјанка на Турција.
Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен денеска во 14:48 часот, кога било пријавено дека во стан во градот се наоѓа женско лице без знаци на живот. Полициски службеници излегле на местото и утврдиле дека станува збор за У.Е. (20), државјанка на Република Турција.
Увид на местото извршила екипа на СВР-Штип, а надлежните информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Според претходните информации, припадници на Територијалната противпожарна единица – Штип интервенирале за влез во станот преку балконската врата, бидејќи влезната врата била блиндирана.
Лекарски тим од Итната медицинска помош констатирал смрт, додека точните причини засега не се познати. Телото е предадено на обдукција во Клиничката болница – Штип, по што ќе бидат познати повеќе детали за случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












