• Импресум
Tuesday, June 23, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Трамп нареди повлекување на САД од 66 меѓународни организации

08/01/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Што ќе се случи ако го изберат за Претседател: Трамп не може да влезе во 37 земји во светот

Американскиот претседател Доналд Трамп издаде претседателски декрет со кој наложи повлекување на Соединетите Американски Држави од вкупно 66 меѓународни организации, оценувајќи дека тие повеќе не ги штитат националните интереси на земјата, јавува ДПА.

Со одлуката, на федералните институции им е наложено „што е можно поскоро“ да го прекинат учеството и финансирањето на 31 тело на Обединети нации, како и на уште 35 меѓународни организации надвор од системот на ОН. Од Белата куќа соопштија дека овие организации делуваат спротивно на безбедноста, економскиот просперитет и суверенитетот на САД.

Според американската администрација, дел од засегнатите институции промовираат агенди поврзани со климатските политики, животната средина и родовата еднаквост, кои, според Трамп, не се во согласност со приоритетите на Вашингтон.

„Претседателот Трамп го прекинува учеството на САД во меѓународни организации кои ја поткопуваат независноста на Америка и ги трошат парите на даночните обврзници“, се наведува во официјалното соопштение на Белата куќа.

Државниот секретар Марко Рубио изјави дека САД се повлекуваат од, како што ги нарече, „антиамерикански, бескорисни и расипнички организации“, додавајќи дека процесот на ревизија ќе продолжи и за други меѓународни тела.

Меѓу организациите од кои САД се повлекуваат се и Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC), како и Меѓународниот институт за демократија и изборна помош. Засегнати се и повеќе тела на ОН, вклучувајќи ја и Рамковната конвенција за климатски промени.

Од Обединетите нации засега нема официјален одговор, но најавена е изјава во текот на денот.

Овој потег доаѓа во период кога Трамп се приближува до првата годишнина од својот втор мандат, кој е силно обележан со политиката „Америка на прво место“. Од враќањето на функцијата, тој веќе иницираше повлекување на САД од неколку меѓународни рамки, меѓу кои и Светска здравствена организација и УНЕСКО.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Постхумен орден „8 Септември“ за проф. д-р Наде Проева
Вести

Постхумен орден „8 Септември“ за проф. д-р Наде Проева

23/06/2026
Демонстрантите во Албанија бараат техничка влада и уставни реформи
Вести

Демонстрантите во Албанија бараат техничка влада и уставни реформи

23/06/2026
Времето денеска со локален пороен дожд и грмежи
Вести

Попладне се очекуваат дожд, грмежи и засилен ветер

23/06/2026
Времето се менува: Силен дожд, грмежи и ветер низ Македонија
Вести

Времето се менува: Силен дожд, грмежи и ветер низ Македонија

22/06/2026
Вардарци се поделија во две групи и одиграа контролна средба, засилувањето Родригеш беше исклучен
Вести

Вардарци се поделија во две групи и одиграа контролна средба, засилувањето Родригеш беше исклучен

22/06/2026
Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол
Вести

Ликвидација во белградско кафуле: Убиен Дарко Весковиќ, едно лице тешко рането

22/06/2026
Следна вест
Баерн славеше, Ненад Димитријевиќ солиден во дебито

Баерн славеше, Ненад Димитријевиќ солиден во дебито

Најнови вести

Постхумен орден „8 Септември“ за проф. д-р Наде Проева

Постхумен орден „8 Септември“ за проф. д-р Наде Проева

23/06/2026
Демонстрантите во Албанија бараат техничка влада и уставни реформи

Демонстрантите во Албанија бараат техничка влада и уставни реформи

23/06/2026
Времето денеска со локален пороен дожд и грмежи

Попладне се очекуваат дожд, грмежи и засилен ветер

23/06/2026
Времето се менува: Силен дожд, грмежи и ветер низ Македонија

Времето се менува: Силен дожд, грмежи и ветер низ Македонија

22/06/2026
Вардарци се поделија во две групи и одиграа контролна средба, засилувањето Родригеш беше исклучен

Вардарци се поделија во две групи и одиграа контролна средба, засилувањето Родригеш беше исклучен

22/06/2026
Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол

Ликвидација во белградско кафуле: Убиен Дарко Весковиќ, едно лице тешко рането

22/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.