• Импресум
Thursday, July 2, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

„Виз ер“, „Луфтханза“ и „Егеан“ со понуди на тендерот за субвенции за нови летови

27/01/2023
Време за читање: 1 минути
A A
„Виз ер“, „Луфтханза“ и „Егеан“ со понуди на тендерот за субвенции за нови летови

Авиокомпаниите „Виз ер”, „Луфтханза” и „Егеан ерлајнс” доставија понуди на тендерот за доделување финансиска поддршка за нови авиолинии од Меѓународниот аеродром „Скопје” и аеродромот „Св. Апостол Павле” во Охрид за периодот од 2023 до крајот на 2025 година.

Понудите беа отворени денеска во Министерството за транспорт и врски од страна на Комисијата за таа намена. Следната недела ќе биде извршена евалуација на понудите по што се очекува да има избрани авиокомпании со кои ќе се склучи договор за субвенции за нови летови.

Со повикот, што беше отворен од 20 декември лани до вчера напладне, за разлика од претходните повици, можат да се изберат повеќе авиокомпании. За годинава се предвидени 1,1 милион евра за финаниска поддршка за нови авиолинии.

Финансиската поддршка, според повикот, ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира, број на седишта понудени на продажба.

Се предвидува да се доделува субвенција од седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром „Скопје” и од 4,5 евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од аеродромот „Св. Апостол Павле” – Охрид.

На 1 март минатата година заврши последниот од трите договори за субвенционирани летови со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Визер”.

Меѓународниот Аеродром „Скопје” и Аеродромот „Св. Апостол Павле” во Охрид, ја завршија 2022 година со приближно 2,4 милиони патници и 19.448 летови. Двата аеродрома забележаа 70 проценти пораст во патничкиот сообраќај во 2022, споредено со 2021 година, додека споредено со референтната година во воздухопловството, 2019 година, патничкиот сообраќај е на -11 проценти, односно 89 проценти стапка на закрепнување согласно статистиката на патничкиот авиосообраќај за 2019 година.

Од Меѓународниот Аеродром „Скопје” сообраќаат 11 авиокомпании („Ер Србија”, „Аустриан Ерлајнс”, „Кроација Ерлајнс”, „Еделвајс”, „Чер Ерлајнс”, „Пегасус Ерлајнс”, „Туркиш Ерлајнс”, ЛОТ, Егеан, „Виз Ер” и „Изиџет”) до 36 дестинации, а од Аеродромот „Св. Апостол Павле” – Охрид две авиокомпании („Виз Ер” и „Чер Ерлајнс”) сообраќаат до четири дестинации.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија
Вести

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија
Вести

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“
Вести

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
Државниот секретар на САД ја нагласи улогата на Европа на Минхенската конференција
Вести

САД предупредуваат на хаос ако Иран воведе наплата во Ормуската Теснина

25/06/2026
Следна вест
Гробот на Гоце Делчев ќе биде чуван од стражи

Гробот на Гоце Делчев ќе биде чуван од стражи

Најнови вести

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.