• Импресум
Monday, June 22, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Владата во заминување пред дилема: Ќе се удави ли договорот за ХЕЦ „Чебрен“ во неодговорените прашања?

25/12/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Владата во заминување пред дилема: Ќе се удави ли договорот за ХЕЦ „Чебрен“ во неодговорените прашања?

Уште само четири работни дена до истекот на банкарската гаранција, а потоа почнува двонеделното одбројување за ХЕЦ „Чебрен“ за тоа дали ќе се потпише договорот или не. Што ќе направи власта, ќе го даде ли овој капитален проект под концесија на странци од дури 60 години?

Воедно се чека и што ќе направи грчката фирма која веќе поднела една жалба околу начинот на кој треба да се спроведе договорот. Проблемот, познато е, произлезе од тоа што грчкиот инвеститор поднесе жалба на Одлуката на владата со која се предвидува прво да се добие дозвола за води, па потоа да се потпише договор за концесија. Наспроти ова, грчката фирма што го доби тендерот за изградба на ХЕЦ „Чебрен“ бара прво да потпише договор за концесија, па потоа да добие дозвола за води. Тоа предизвика застој по кој македонските власти решија да го продолжат рокот во кој инвеститорите ќе треба конечно да се изјаснат.

-Банкарската гаранција им истекува на 31 декември. Чекаме одговор од нив. Доколку не се продолжи банкарската гаранција, понудата престанува да важи.  Документи никогаш не криеме, секогаш сме транспарентни. Во текот на постапката не можеме да ги споделуваме документите. Откако ќе заврши постапката, апсолутно сè ќе биде споделено со јавноста. Немаме што да криеме, изјави неодамна минисерката за екологија Каја Шукова.

Со ова, се чини, потпишувањето на договорот за изградба на ХЕЦ „Чебрен“ влезе во неизвесност. Зарем мораше да се случи околу најважното и најфундаменталното прашање за изградба на секоја хидроцентрала да се решава така на брзина и со крајно различни ставови на Владата и на фирмата којашто е избрана на тендер?

Како да излегува дека нешто подлабоко не е во ред кога е во прашање реализација на овој тендер кој Владата го најавуваше како завршен и конечен. Дали во Владата увидоа дека сериозните и аргументирани критики во јавноста од страна на енергетските експерти се оправдани?

Има уште време, министрите може да увидат дека се оправдани прашањата: Зошто се прави договор кој е неповолен за Македонија? Зошто нашата држава сама не со го гради проектот? Зошто концесијата е долга 60 години кога се знае дека една хидроцентрала максимално се амортизира за половина век? Зошто е мал процент од  33-отстотна сопственост која ќе припадне на Македонија и зошто за тоа не се добива струја? Зошто мора да се подари на странците ХЕЦ „Тиквеш“…

Инаку, за потсетување: Здружение на инженери на Македонија укажа – Истечен е рокот за склучување на договор за ХЕЦ „Чебрен“.

-Ваквиот став го темелиме врз основ на роковите определени со точката 5 на Одлуката на Владата за избор на најповочна понуда за доделување на концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна река (Службен В. на Р.М. бр: 192/2023 од 14.09.2023). Оваа одлука е влезена на сила на 15 септември 2023 година, а согласно точката 5 од истата, најповолниот понудувач ППЦ-Архиродон беше должен во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на оваа одлука (15 декември 2023 година), да склучи договор за заедничко вложување и да основа Друштво за посебна намена со Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, се објаснува во соопштението и се додава дека „со оглед дека рокот предвиден со оваа Одлука е истечен, било каков Договор веќе не може да се потпишува“.
Сето ова се прашања и дилеми коишто ги покренаа експертите и на кои досега не се дадоа убедливи одговори. А тоа значи дека Владата повторно треба да размисли, дека не треба да брза со потпишување на договорот.

На крајот на краиштата, морално ли е вака скап договор од милијарда евра и со така лоши услови, да се случува во последните денови од истекот на мандатот на актуелната влада, пред стапувањето во сила на техничката влада на 28-ми јануари?

Текстот е превземен од skopskoeho.mk

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вести

Силна бура ја погоди јужна Германија, гром повреди десет лица

22/06/2026
Козле добива нова градинка со капацитет за 130 деца
Вести

Козле добива нова градинка со капацитет за 130 деца

22/06/2026
Во Скопје казнет 151 возач
Вести

Полицијата приведе 20 возачи поради сериозни сообраќајни прекршоци

22/06/2026
Цените на нафтата се зголемија за 8 отсто, аналитичарите го гледаат барелот на 100 долари
Вести

Нафтена дамка се шири во Каспиското Езеро, службите на терен

21/06/2026
Вандализам во училишен двор во Аеродром: Градоначалникот објави снимка од надзорни камери
Вести

Вандализам во училишен двор во Аеродром: Градоначалникот објави снимка од надзорни камери

21/06/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни
Вести

СДСМ предупредува на криза, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека економијата расте

21/06/2026
Следна вест
Погледнете во каков луксуз живее ќерката на Пикси (ФОТО)

Погледнете во каков луксуз живее ќерката на Пикси (ФОТО)

Најнови вести

Силна бура ја погоди јужна Германија, гром повреди десет лица

22/06/2026
Кошаркарска бомба: Панатинаикос повторно му ја довери клупата на Обрадовиќ

Кошаркарска бомба: Панатинаикос повторно му ја довери клупата на Обрадовиќ

22/06/2026
Белгија со играч помалку не успеа да го скрши отпорот на Иран

Белгија со играч помалку не успеа да го скрши отпорот на Иран

22/06/2026
ФФМ со осудува за насилството на натпреварот Брегалница – Шкупи

Уште четири лица опфатени со истрагата за Фудбалската федерација на Македонија

22/06/2026
Козле добива нова градинка со капацитет за 130 деца

Козле добива нова градинка со капацитет за 130 деца

22/06/2026
Во Скопје казнет 151 возач

Полицијата приведе 20 возачи поради сериозни сообраќајни прекршоци

22/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.