• Импресум
Wednesday, June 3, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

ВМРО-ДПМНЕ: Соодносот меѓу нас и СДСМ во првиот круг е 10 спрема 1, во вториот сме апсолутни фаворити

24/10/2025
Време за читање: 1 минути
A A
ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и денеска објави свои партиски анализи за резултатите од првиот круг од локалните избори, споредувајќи ги со оние на нивниот политички опонент, опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ).

Според владејачката партија, тие го пресликале успехот од минатогодишните парламентарни избори во процентуална вредност, а споредено со претходните локални избори во 2021 година, велат дека имаат раст на бројот на гласови за градоначалници и советници во општините.

Соодносот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ по првиот круг од локалните избори одржан во неделата е 10 спрема еден, велат од партијата на власт, што според нив покажува дека граѓаните го направиле вистинскиот избор – работа и дела, наместо криминал и неспособност.

„Локалните избори беа одраз за тоа дека доколку работиш чесно, транспарентно и посветено, народот ќе го цени тоа и ќе те награди. ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советници низ државата и градот Скопје, додека СДС освои околу 230 советници. ВМРО-ДПМНЕ освои 12 000 гласови повеќе од минатите избори, додека СДС изгуби 111 000 гласови. ВМРО-ДПМНЕ доби 11 повеќе градоначалници во првиот круг, а СДС изгуби шест“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на нивните кандидати за градоначалници кои за функцијата ќе се борат во вториот круг, на 2 ноември, од партијата велат дека тие се фаворити во сите 26 општини и затоа ги повикуваат граѓаните масовно да излезат и да гласаат за нив.

Повик до граѓаните да излезат и да ги поддржат кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ вчера упати и партискиот лидер Христијан Мицкоски од настан во Општина Аеродром.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдени 5.880 парчиња пиротехника во струмичко
Вести

Сомнежи за незаконско одобрение за градење во Свети Николе

03/06/2026
Истекува рокот за олеснето плаќање на долгови кон „Водовод и канализација“
Вести

„Комунална хигиена“ со апел: Завршува акцијата за отплата без камата

03/06/2026
Поднесено обвинение против уште едно лице за пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“
Вести

Судски процес за кочанската трагедија: Одбрана тврди дека дел од доказите се незаконски

03/06/2026
ИЈЗ под лупа: Незаконски исплати и спорни договори за услуги
Вести

ИЈЗ под лупа: Незаконски исплати и спорни договори за услуги

03/06/2026
Иранските фудбалери добиваат дозвола, но дел од делегацијата под забрана
Вести

Иранските фудбалери добиваат дозвола, но дел од делегацијата под забрана

03/06/2026
Фабрицио Романо потврди: Дамфрис се сели во Реал Мадрид
Вести

Фабрицио Романо потврди: Дамфрис се сели во Реал Мадрид

03/06/2026
Следна вест
Се бара сеопфатна истрага и за Али Ахмети

ДУИ демантираа: Али Ахмети нема да се повлече од лидерската позиција

Најнови вести

Пронајдени 5.880 парчиња пиротехника во струмичко

Сомнежи за незаконско одобрение за градење во Свети Николе

03/06/2026
Истекува рокот за олеснето плаќање на долгови кон „Водовод и канализација“

„Комунална хигиена“ со апел: Завршува акцијата за отплата без камата

03/06/2026
Поднесено обвинение против уште едно лице за пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“

Судски процес за кочанската трагедија: Одбрана тврди дека дел од доказите се незаконски

03/06/2026
ИЈЗ под лупа: Незаконски исплати и спорни договори за услуги

ИЈЗ под лупа: Незаконски исплати и спорни договори за услуги

03/06/2026
Иранските фудбалери добиваат дозвола, но дел од делегацијата под забрана

Иранските фудбалери добиваат дозвола, но дел од делегацијата под забрана

03/06/2026
Фабрицио Романо потврди: Дамфрис се сели во Реал Мадрид

Фабрицио Романо потврди: Дамфрис се сели во Реал Мадрид

03/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.