Thursday, May 23, 2024

Во кутии со банани пронајдени 1,2 тони кокаин

Германската полиција заплени 1,2 тони кокаин во кутии со банани во општината Грос Кројц во областа Потсдам-Мителмарк, објави „Тагесшпигел“.

Ова е досега најголемата заплена на дрога во покраината Бранденбург, изјави портпаролот на полицијата, Марио Хајнеман.

По дојава на еден од вработените, полицијата во вторникот попладне во голема акција ги опколила просториите на голем трговец со овошје, изјави портпаролот.

По извршениот претрес, откриена е поголема количина на дрога.

Утврдено е дека кокаинот со брод е пренесен од Јужна Америка во Германија, а од таму по копно до Грос Кројц. Минатиот јули во Брандербург беа запленети 660 килограми кокаин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Следна вест