Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните региони од државата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат од 6 до 10 степени, додека максималните ќе достигнат меѓу 8 и 12 степени.
Во Скопје, исто така, се очекува облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утрото температурата ќе се спушти до околу 7 степени, а преку ден ќе достигне до 11 степени.
Според прогнозата на УХМР, во сабота ќе има локални врнежи од дожд, најизразени во јужните делови, кои ќе престануваат во попладневните часови. Од недела следува стабилизирање на времето, со пониски утрински, но повисоки дневни температури.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












