Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во претпладневните часови ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на одредени места ќе достигнува брзина над 60 километри на час, особено долж Повардарието, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринските температури ќе се движат од минус седум до пет степени Целзиусови, додека максималната дневна температура ќе биде во интервал од нула до 11 степени.
Во Скопје се очекува слично време – променливо облачно со сончеви периоди и умерен до засилен северен ветер. Дневната температура во главниот град ќе достигне до девет степени.
Според УХМР, утре наутро времето ќе биде ведро, а температурите насекаде ќе бидат под нулата. Во текот на ноќта кон петок и во петок се очекуваат нови врнежи од дожд, кои на повисоките места и на планините ќе преминат во снег. За време на викендот се прогнозира променливо облачно и постудено време со умерен до засилен северен ветер, додека од почетокот на следната недела се најавува постепен пораст на температурите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












