• Импресум
Wednesday, July 22, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Заев за случајот „Рашковски“: Софтверот ни е потребен, Владата може да го наметне на која било институција што има потреба

28/05/2021
Време за читање: 1 минути
A A
Заев за Рашковски: Не треба да се обвинува секој што патентирал систем и бесплатно го отстапил на државата

ремиерот Зоран Заев денеска уште еднаш ги потенцираше своите несогласување со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во врска со случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци во време на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, но потенцира дека со тоа нема намера да влијае на процесите туку дека има право на свое мислење. Исто така, порача дека софтверот ѝ е потребен на Владата и можат да го наметнат на која било инситуција што има потреба да го користи.

„Никој не е изземен од законот, како што и никој не е виновен додека не му се докаже вината. Но, да создадете постапка во која учествуваат пет компании, имате компетивност, натпревар со лицитација, од осум милиони паѓа на 5 милиони и 100. Софтверот е завршен, апсолутно е истестиран и Владата има целосно право да го направи за сопствени потреби. Ако донесеме одлука како Влада, можеме да го наметнеме на која било од институциите што им треба. Имаме донесено одлуки согласно Законот и планот за јавни набавки, согласно одлуки на Влада, согласно пари предвидени во Буџетот за таа намена и апсолутно е нешто што е потребно за државата“, рече Заев.

За софтверот, кој никој не го користи, а МВР не знаела за набавката, беше набавен за 80 000 евра, Заев денеска направи споредба со Франција велејќи дека таму таков бил купен за сума 6,5 милиони евра.

„Софтверот во Франција е платен 6,5 милиони евра. Истиот софтвер, за истата намена кој скенира таблички, лик, очи …“, рече Заев.
Премиерот и денеска го повтори вчерашниот став од седницата за пратенички прашања – дека има право на свое мислење, а несогласувањата со обвинителство ги смета како доказ за независноста во правосудството.

„Моето негодување за овој предмет кон Јавното обвинителство ја испраќа конечната потврда која нашиот народ ја чекаше – дека не диктира премиерот, не диктира политиката што треба да работи судството или обвинителството. Сум се согласувал со стотици предмети, со два, четири, шест предмети имам право да не се согласам. Секако, и да не се согласам ако пресудите се донесат и се конечни, може да не се согласувам, но сум должен да ги почитувам. Притоа, борбата за слобода во која сум учествувал заедно со многу сограѓани, денес ја живееме и таа ни дава право секој да искоментираме онака како што мислиме“, вели Заев.

Тој повторно потсети дека не се согласувал со обвинителството и за притворите на ексфункционерите од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска бидејќи смета дека притворот не треба да биде казна.

„Истовремено, бев и во суд, каде бев повикан како сведок за 27 април, а таму беше токму обвинителката Русковска. Го кажав своето мислење за организаторите, посебно како човек кој беше меѓу првите таргети на тој грозоморен 27 април. Го кажав тоа што го мислам. Јас сум должен да ги охрабрам граѓаните да го кажат тоа што го мислат, но секако, институциите, одлуките и законите сите мора да ги почитуваме. Тука нема дилема“,

изјави премиерот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осум лица завршија во болница по силното невреме во Скопје
Вести

Скопје по бурата: Повредени граѓани, оштетени објекти и илјадници пријави

21/07/2026
Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја
Вести

Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја

21/07/2026
Протест на вработените во ГОБ „8-ми Септември“
Вести

Невремето го оштети и објектот на ГОБ „8 Септември“, најмногу штета на кровната конструкција

21/07/2026
Активирани кризни штабови во општините, невремето направи хаос во Скопје
Вести

Активирани кризни штабови во општините, невремето направи хаос во Скопје

21/07/2026
Деко го избра Лапорт како ново засилување за одбраната
Вести

Деко го избра Лапорт како ново засилување за одбраната

21/07/2026
„Авалон“ го откажа концертот на Џос Стоун поради невремето
Вести

„Авалон“ го откажа концертот на Џос Стоун поради невремето

21/07/2026
Следна вест
Во недела Ден без автомобили

Во недела Ден без автомобили

Најнови вести

Осум лица завршија во болница по силното невреме во Скопје

Скопје по бурата: Повредени граѓани, оштетени објекти и илјадници пријави

21/07/2026
Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја

Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја

21/07/2026
Протест на вработените во ГОБ „8-ми Септември“

Невремето го оштети и објектот на ГОБ „8 Септември“, најмногу штета на кровната конструкција

21/07/2026
Активирани кризни штабови во општините, невремето направи хаос во Скопје

Активирани кризни штабови во општините, невремето направи хаос во Скопје

21/07/2026
Деко го избра Лапорт како ново засилување за одбраната

Деко го избра Лапорт како ново засилување за одбраната

21/07/2026
„Авалон“ го откажа концертот на Џос Стоун поради невремето

„Авалон“ го откажа концертот на Џос Стоун поради невремето

21/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.