• Импресум
Wednesday, June 24, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Законот за поддршка за плати ќе биде изгласан утре: Продолжен рокот за аплицирање

14/04/2021
A A
Законот за поддршка за плати ќе биде изгласан утре: Продолжен рокот за аплицирање

Пролонгиран е рокот до 30 април за аплицирање за мерката за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците февруари и март, а новина е што работодавачите ќе може да аплицираат и за двата месеци наеднаш, кажа министерот за економија, Крешник Бектеши.

Штом ќе бидат изгласани Законите од пратениците и објавени во Службен весник, веднаш ќе стапат во сила со што ќе почне реализација на мерките.

Министерот Бектеши во гостувањето на Телевизија 24, рече дека пакетот закони кои произлегуваат од Петтиот сет мерки за поддршка на економијата, во текот на утрешниот ден ќе бидат ставени на дневен ред на седница во Собранието, со што конечно ќе се очекува да бидат изгласани, пред сè Законот за финансиска поддршка на исплата на плати.

Бектеши потенцираше дека во петиот сет не е само мерката за финансиска поддршка за исплата на плати, туку има и низа други мерки кои што значат индиректна поддршка на компаниите и фирмите.

– Првите четири сета мерки се во вкупна вредност од 860 милиони евра, веќе реализирани, а треба да се знае дека има различни мерки, односно или државата се откажува од приходи или има директна финансиска поддршка од буџетот или одложување на плаќање на одредни давачки кои треба да ги платат граѓаните и компаниите. Тоа беше и нашата цел и повикот до опозицијата да ги одблокираат законите во Собранието, бидејќи имаме Закони кои уште не се донесени, а требаше да се реализираат минатата година, кажа Бектеши.

Министерот информираше дека во моментов се подготвува нов дополнителен пакет мерки за поддршка на дејностите кои што се се затворени со одлука на Владата по препорака на Комисијата за заразни болести како што е угостителскиот сектор.

– При крај е пакетот, најверојатно следната недела ќе го објавиме и ќе почнеме со реализација.Ќе се земе во предвид просекот на приходи кој компаниите од овој сектор ги пријавиле во првиот квартал годинава, одреден процент директно како грант ќе ги превземе Владата и ќе се земат во предвид деновите кои биле затворени односно не работеле, кажа министерот и додаде дека се работи за дополнителна мерка за угостителството, која што не беше предвидена во Петтиот сет мерки на Владата.

Рокот за аплицирање, како што извести министерот, е продолжен поради тоа што овие закони беа подолго време блокирани од опозицијата со амандмани, затоа тој ги повика сите работници да не потпишуваат бланко откази бидејќи и по блокадата на мерките во Собранието, конечно ќе си ги добијат платите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Возило излета од патот Ресен-Охрид
Вести

Кривична пријава против 67-годишник од Кочани за насилство врз дете

23/06/2026
Тажна вест за францускиот селектор Дешамп, почина неговата мајка
Вести

Тажна вест за францускиот селектор Дешамп, почина неговата мајка

23/06/2026
„Не ми е гајле за Меси“: Роналдо со краток одговор за ривалството
Вести

„Не ми е гајле за Меси“: Роналдо со краток одговор за ривалството

23/06/2026
СДСМ избира нов лидер на партијата
Вести

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во нова размена на обвинувања за бизниси во соседна Бугарија

23/06/2026
Вести

Објавувањето дипломатска нота за патување на моето семејство во Пампорово ги радикализира односите со Бугарија, кажа премиерот Мицкоски

23/06/2026
Прв случај на детска евтаназија во Холандија по законските измени
Вести

Прв случај на детска евтаназија во Холандија по законските измени

23/06/2026
Следна вест

Во Катар се гради нов брод-хотел

Најнови вести

Возило излета од патот Ресен-Охрид

Кривична пријава против 67-годишник од Кочани за насилство врз дете

23/06/2026
Тажна вест за францускиот селектор Дешамп, почина неговата мајка

Тажна вест за францускиот селектор Дешамп, почина неговата мајка

23/06/2026
„Не ми е гајле за Меси“: Роналдо со краток одговор за ривалството

„Не ми е гајле за Меси“: Роналдо со краток одговор за ривалството

23/06/2026
СДСМ избира нов лидер на партијата

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во нова размена на обвинувања за бизниси во соседна Бугарија

23/06/2026

Објавувањето дипломатска нота за патување на моето семејство во Пампорово ги радикализира односите со Бугарија, кажа премиерот Мицкоски

23/06/2026
Прв случај на детска евтаназија во Холандија по законските измени

Прв случај на детска евтаназија во Холандија по законските измени

23/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.