• Импресум
Monday, July 27, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Зарем Македонија чека штрк да и носи бебиња?

07/03/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Зарем Македонија чека штрк да и носи бебиња?

Македонија е, нема дилеми, во демографско тонење. Населението исчезнува тивко и полека, од година во година. Се помалку има бебиња.

Статистиката неодамна покажа дека лани родени биле 16.313 бебиња, а во истиот период починале 19.738 луѓе. Со тоа негативниот прираст изнесува 3.425 лица, односно, за толку се намалил бројот на луѓето во државата. 

Го загрижи некого овој податок?

Алармот треба силно да вришти и во институциите и кај самото македонско население оти наведениве податоци се слипни веќе 5 години по ред. Во дури 64 општини од вкупно 80 општини има негативен прираст, меѓу кои и големи градови како Битола и Прилеп. На Истокот од 11 општини, сите се со негативен прираст. Она што е нов тренд е тоа дека намалување на населението има и во Југозападниот регион. Во Полошко само во три општини има позитивен прираст, во Тетово, Желино и во Боговиње, а другите се во негатива. Само во 15 општини има позитивен природен прираст, ама мининален и тоа во тие „позитивни“ општини се и дел од скопските локални самоуправи. 

Во исто време, годишно, околу 6.000 деца на „гастарбајтерите“ од Македонија се раѓаат во странство, најмногу во европските држави Италија, Швајцарија и Германија... 

А да споменуваме ли дека иселувањето на младите е многу честа појава?

Со вакви трендови, што може да се очекува како демографска иднина, односно како целокупна иднина на македонското општество? Како тргнала работата до 2050 година во Македонија ќе има само околу милион жители!?

Прават ли институциите нешто поконкретно за да се сменат лошите демографски трендови? Впечаток е – многу, многу малку. Властите во изминативе години најмногу се свртени кон запирањето на иселувањето, но и во тоа не се успева оти нема сериозни мерки. Мерки, пак, кои би биле стимул за поголем наталитет веќе како воопшто и да нема.

Во 2009 година, тогашната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, донесе Закон за детска заштита со кој мајката добиваше 8.048 денари додаток за трето дете 10 години, а ако родеше и четврто дете тогаш помошта беше 11.267 денари во рок од 15 години. Но, со доаѓањето на СДСМ на власт оваа мерка беше укината, оти како што велеа, не дала резултат врз наталитетот. Сега, мерки како да нема и се како да се сведува на малата и симболична еднократна помош што ја дават општините за новородени деца.

А во поширокиот регион не е така: во Косово невработени родилки добиваат шесмесечем надомест од по 170 евра, а вработените три месеци по 170 евра од државата, Србија дава по 2.550 евра за прво бебе, а претходно помошта беше 850 евра. За второто дете од државата ги следува еднократна помош од 850 евра и по 5000 денари месечно во следните две години. За трето дете освен еднократната помош од 850 евра, мајката две години ќе добива по 100 евра… Албанија дава помош за новороденче на своите државјани, без разлика дали децата се родени во државата или во странство. За прво дете се дава 20 илјади денари, за второ – 40 илјади денари, а за трето 60 илјада денари еднократна помош. Во Грција новите родители добиваат по 2.000 евра за бебе, има мерки за мајки студентки…

Сепак, не е се во мерките. Самото население треба да е свесно за големиот проблем и за него да се бара соодветно решение. Јасно е дека масовното иселување, намаленото раѓање, доцното стапување во брак, одлука на семејствата да имаат само по едно или максимум две деца… си ги прават своето. Но, прашањето е што и државата, но и самите граѓани може да направат во насока на запирање на започнатото исчезнување?

Трендот во наталитетот не е работа којашто прекуноќ може да се смени. Заради тоа, државата мора да се почне сега да презема нешто за да мерките се надополнуваат секоја година. За тоа треба да се размислува и да почне да се применува преку нови прописи. Но, и граѓаните треба сами да размислат за сопствената иднина, за продолжување на животот на своите семејни корени и стебла, за тоа дали мора баш сите нивни предвидено-замислени услови да ги добијат за да имаат деца, за радостите кои ги носат новите поколенија, за… Едноставно треба многу да се размисли околу одлуките кои самите ги носат кога е во прашање потомството. 

И, зарем навистина и институциите и граѓаните ќе чекаат штркот да носи бебиња и радости во Македонија?

Зарем Македонија чека штрк да и носи бебиња?
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова расправија меѓу Османи и Муцунски околу патот кон Европската Унија
Вести

Нова расправија меѓу Османи и Муцунски околу патот кон Европската Унија

25/07/2026
Николоски: Проектот Охрид – Кичево влегува во завршна фаза
Вести

Николоски: Проектот Охрид – Кичево влегува во завршна фаза

25/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени
Вести

УХМР: Стабилен викенд, локални врнежи на почетокот од новата недела

25/07/2026
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење
Вести

Итно предупредување во Валандово: Не ја пијте водата од градскиот водовод

22/07/2026
Калил ал-Хаја го наследи Јахја Синвар на чело на Хамас
Вести

Калил ал-Хаја го наследи Јахја Синвар на чело на Хамас

20/07/2026
Гостивар пред епидемија: Институтот за јавно здравје со итен апел до граѓаните
Вести

Гостивар ја чека вистината: Денеска ќе бидат познати анализите на водата

20/07/2026
Следна вест
Ох, пак со нов закон ќе го штитат Охрид од градежно насилство

Ох, пак со нов закон ќе го штитат Охрид од градежно насилство

Најнови вести

Погачар повторно е крал на Франција, петта титула за велосипедската ѕвезда

Погачар повторно е крал на Франција, петта титула за велосипедската ѕвезда

26/07/2026
Кокаин криеле под бебешко кадифено мече, МВР со успешна акција во Скопје

Кокаин криеле под бебешко кадифено мече, МВР со успешна акција во Скопје

26/07/2026
Лошото време ја отежнува евакуацијата на жртвите од Елбрус

Лошото време ја отежнува евакуацијата на жртвите од Елбрус

26/07/2026
Ова се десетте најбогати земји во светот во 2025 година

Ова се десетте најбогати земји во светот во 2025 година

26/07/2026
Мицкоски не е задоволен од реториката на Рамадани, најави негово разрешување од функцијата

Еди Рама им одговори на демонстрантите: Нема повлекување од функцијата

26/07/2026
Самсунспор ја потврди фаворитската улога и ја елиминира Шкендија

Вицешампионот сигурен на стартот, Шкендија славеше со 3:0

26/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.