• Импресум
Wednesday, July 22, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Земјоделците од селото Крупиште бараат да се реши проблемот со наводнување од Хидросистемот „Брегалница

25/07/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Земјоделците од селото Крупиште бараат да се реши проблемот со наводнување од Хидросистемот „Брегалница

Оризопроизводители, но и земјоделците кои имаат ниви со пченка, детелина, градинарски култури денеска во селото Крупиште го искажаа својот револт и побараа надлежните да им го реши проблемот со наводнување од Хидросистемот „Брегалница“.

Претседателот на Месната заедница на Крупиште, Павле Георгиев вели дека пет дена немаат вода за наводнување, ниту пак да ги одржуваат оризовите ниви под вода. Посочи дека изминатиот период Овчеполскиот регион имаше проблеми, а сега пак тие. Проблемот не е во недостатокот на вода, туку во тоа што поради неодржување на системот, водата не стигнува до нивните ниви. Најмалку 500 хектари од оризот се суши, а зафатени се над 1000 хектари во кои се вклучени и други култури.

– Бараме под итно да дојдат од Водостопанство и да го решат проблемот. Вода има во Калиманци, а ние немаме. Овој проблем е секоја година сѐ потежок и потежок и веќе сме доведени до тој степен – земјоделците, оризарите да го остават оризот како култура, дека ќе исчезне. Имаме проблем со Водостопанство и водата им бега на сите страни, не можат да ја донесат до нивите. Друг проблем е што ние немаме комуникација со нив, вели Георгиев.

– Не можеме да произведеме храна за сопствената стока. Ако ова вака остане, ќе бидеме принудени и ние да фаќаме и ние некаде во странство. Тука вложивме голем капитал, годините си одат, а пари немаме. Произведувам детелина, пченка, луцерка, крави имам, со тоа се занимавам, истакна земјоделецот Методи Ефремов од село Долни Балван.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов им даде поддршка на земјоделците. Земјоделците посочија дека ова е предупредувачки протест на кој бараат АД Водостопанство да преземе мерки. Доколку состојбата не се промени, ќе организираат поголем протест со блокада на магистрален пат. Директорот на Водостопанство „Брегалница“, Благојчо Богатинов за МИА вели дека земјоделците го немаат информирано за проблемот, но ги повика да дојдат и да разговараат.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силно невреме го погоди Скопје, паднати дрвја и блокирани улици
Вести

МВР со биланс по невремето: 117 оштетени возила, 189 паднати дрвја и 10 повредени

22/07/2026
Расте бројот на загинати во ракетниот напад на воената база во близина на Лавов
Вести

Украина повторно нападна логистички центри на најголемата руска онлајн-компанија, има повредени

22/07/2026
Времето денеска со локален пороен дожд и грмежи
Вести

Променливо време низ земјата: Локално пороен дожд, ветер и можен град

22/07/2026
Осум лица завршија во болница по силното невреме во Скопје
Вести

Скопје по бурата: Повредени граѓани, оштетени објекти и илјадници пријави

21/07/2026
Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја
Вести

Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја

21/07/2026
Протест на вработените во ГОБ „8-ми Септември“
Вести

Невремето го оштети и објектот на ГОБ „8 Септември“, најмногу штета на кровната конструкција

21/07/2026
Следна вест
САМО ЗА ХРАБРИ: Седум совети за секс на плажа

САМО ЗА ХРАБРИ: Седум совети за секс на плажа

Најнови вести

Силно невреме го погоди Скопје, паднати дрвја и блокирани улици

МВР со биланс по невремето: 117 оштетени возила, 189 паднати дрвја и 10 повредени

22/07/2026
Расте бројот на загинати во ракетниот напад на воената база во близина на Лавов

Украина повторно нападна логистички центри на најголемата руска онлајн-компанија, има повредени

22/07/2026
Времето денеска со локален пороен дожд и грмежи

Променливо време низ земјата: Локално пороен дожд, ветер и можен град

22/07/2026
Осум лица завршија во болница по силното невреме во Скопје

Скопје по бурата: Повредени граѓани, оштетени објекти и илјадници пријави

21/07/2026
Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја

Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја

21/07/2026
Протест на вработените во ГОБ „8-ми Септември“

Невремето го оштети и објектот на ГОБ „8 Септември“, најмногу штета на кровната конструкција

21/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.