Ново тешко насилство врз жена ја потресе јавноста, откако 45-годишен маж од Кисела Вода физички ја нападнал својата поранешна партнерка и ѝ нанел тешки повреди.
Според информациите, тој ја извадил од домот во кој живеела, ја влечел по улица до својот дом, каде потоа ја внел внатре и ја нападнал со шлаканици, клоци и удари со мобилен телефон. Жената се здобила со повреди на главата и телото, како и со рани и хематоми.
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против осомничениот и предложи определување притвор за кривично дело – телесна повреда. Од Обвинителството посочуваат дека постојат основи за притвор поради ризик од бегство и повторување на делото.
Исто така се наведува дека на осомничениот претходно веќе му биле изречени мерки на претпазливост поради претходни случаи на насилство врз членови од семејството, вклучително мајка и снаа за брат.
Од Обвинителството нагласуваат дека однесувањето укажува на повторување на насилнички дејствија и сериозен ризик за безбедноста на жртвата, поради што е побарана најстрога мерка.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












