Сонот на Јаник Синер за освојување на првата титула на Ролан Гарос заврши на неочекуван и драматичен начин, откако италијанскиот тенисер беше елиминиран по голем пресврт од Аргентинецот Хуан Мануел Серундоло. Иако Синер водеше со 2-0 во сетови (3-6, 2-6), на крајот загуби со 3-6, 2-6, 7-5, 6-1, 6-1, во натпревар кој траеше 3 часа и 36 минути.
Овој пораз стави крај на неговата серија од 30 последователни победи, со што е прекинат еден од најдобрите низи во неговата кариера. По мечот, Синер призна дека физички потполно паднал во завршницата на дуелот и дека тоа било клучниот момент за пресвртот.
Италијанецот појасни дека проблемите започнале уште во текот на денот, кога не се чувствувал најдобро и имал недоволен одмор пред натпреварот.
„Не се чувствував најдобро на теренот. Бев во добра позиција во третиот сет, но не успеав да го завршам мечот. Потоа почнав да се мачам, почна да ми се врти и останав без енергија“, изјави Синер.
Тој додаде дека во четвртиот сет се обидел да ја зачува силата за евентуално враќање во петтиот, но не успеал да го задржи темпото и противникот целосно ја презел контролата.
Синер сепак му оддаде признание на Аргентинецот, истакнувајќи дека одиграл одличен натпревар, особено во завршните сетови.
„Честитки за него, одигра многу солиден меч. Тоа е спортот“, додаде тој.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












