• Импресум
Saturday, April 18, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Историски успех за нашите млади програмери: Злато и бронза за Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика!

04/09/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Историски успех за нашите млади програмери: Злато и бронза за Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика!

На 9-тата по ред Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2025), која од 29-ти август до 4-ти септември се одржува во Шумен, Бугарија, младите македонски ученици – информатичари постигнаа огромен успех: по втор пат во историјата на ова натпреварување македонскиот тим освојува златен медал, но овој пат надополнет и со еден бронзен медал. Златниот медал за Македонија на овој најпрестижен интернационален натпревар во програмирање за ученици на возраст до 15,5 години го освои Владимир Грчев од Кочани, а бронзениот медал го освои Марко Кренков од Струмица.

Членови на македонскиот тим беа уште и Зоран Илијоски од Кичево и Јаков Грујовски од Скопје. Тимот беше раководен од лидерите, Иван Занов и Петар Ковачовски, студенти од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Учениците кои ја претставуваа Македонија на олимпијадата беа избрани преку целогодишен циклус на натпревари, којшто редовно се организира од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), а оваа година се одржуваше по 36-ти пат. Натпреварите се одржуваат преку системот mendo.mk кој е достапен во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи. И годинава, циклусот натпревари беше организиран со поддршка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), како и неколку општествено одговорни компании: Сорсикс, Нетцетера, Семос Едукација и Винчини.

Официјален домаќин на ЕЈОИ 2025 е Република Бугарија, а главен организатор на настанот е Министерството за образование и наука на Бугарија. Основната цел на овој значаен и престижен образовен настан е да се поттикне интересот за информатиката кај учениците од помлада возраст (до 15,5 години) низ цела Европа, како и да им овозможи на најталентираните млади учесници да ги демонстрираат своите знаења и вештини во оваа област, а поконкретно во програмирањето. На олимпијадата учествуваат вкупно 96 ученици од 22 европски земји, како и две неевропски земји-гости на олимпијадата (Саудиска Арабија и Киргистан).

Според изјавата на претседателот на ЗИМ, д-р Миле Јованов: „Неописливо е чувството кога ученик од Македонија е на сцената меѓу ученици од Полска и Украина, а пред сите останата ученици од останатите 22 земји како Франција, Бугарија, Романија, Хрватска, Унгарија… Огромниот успех на нашиот тим, со освоените медали во ваква силна конкуренција, претставува уште една потврда дека младите македонски ученици поседуваат знаење со кое што може да се носат рамо до рамо со своите врсници од цела Европа, па и пошироко. Постигнатиот резултат е исклучителен показател за квалитетот на подготовката, посветеноста и талентот на нашите ученици, како и за континуираната поддршка која Здружението на информатичарите на Македонија ја дава на учениците преку своите редовни активности. Како пример, непосредно пред олимпијадава со поддршка на општина Кочани и „Бистри умови“ како наша партнерска организација организиравме редовен камп за подготовки на учениците на Пониква. Им честитам на учениците, на сите ментори и волонтери во ЗИМ и на целата држава, за постигнатиот успех.“

Следната, 10-та по ред, Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2026) треба да се одржи идната година во Турција. Следен настан пак, кој им претстои на македонските ученици – информатичари, е Балканската олимпијада по информатика (БОИ 2025), која ќе се одржи од 25-ти септември до 1-ви октомври во Удине, Италија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството
Вести

Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството

02/04/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Божиновска: Историска енергетска конекција – Македонија и Албанија ја заокружуваат енергетската мапа со 400 kV далекувод“

02/04/2026
Еден збор може да сруши се: Вредноста на довербата
Вести

Еден збор може да сруши се: Вредноста на довербата

01/04/2026
Промени во законот: Полесен пристап до мотоцикли за граѓаните
Вести

Промени во законот: Полесен пристап до мотоцикли за граѓаните

31/03/2026
Коњановски: Заедно со граѓаните креираме проекти што го менуваат секојдневието
Вести

Коњановски: Го враќаме сјајот на старото градско јадро во Битола

31/03/2026
Г7 подготвена за мерки за стабилизација на енергетскиот пазар
Вести

Г7 подготвена за мерки за стабилизација на енергетскиот пазар

30/03/2026
Следна вест
Повеќе од две недели хакиран трезорот на Министерство за финансии, административците останаа без плата

Пет години безбедносните служби го прислушкувале Мицкоски, наместо за безбедноста на државата работеле да се одржат на власт Заев и Филипче

Најнови вести

Нов удар врз Техеран – ликвидиран важен командант

Нов удар врз Техеран – ликвидиран важен командант

02/04/2026
Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството

Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството

02/04/2026
Проданоски: Старо Лагово ќе стане центар на спорт, забава и адреналин

Проданоски: Времето на неодговорност во Општина Прилеп завршува

02/04/2026
Алкалоид, Комерцијална банка и Макпетрол со најголема активност

Вкупен промет од 21,52 милиони денари, позитивна сесија со раст кај банкарските акции и Алкалоид

02/04/2026
Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп

Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп

02/04/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Божиновска: Историска енергетска конекција – Македонија и Албанија ја заокружуваат енергетската мапа со 400 kV далекувод“

02/04/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.