• Импресум
Sunday, May 3, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

МНР: Македонија нема намера да се меша во внатрешните процеси во Бугарија

27/01/2026
A A
Заладени односи, а жешки случувања – ЕУ повикува на смирување на тензиите меѓу Скопје и Софија

Министерството за надворешни работи вечерва реагираше на соопштението на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, изразувајќи жалење што, како што наведуваат, официјална Софија сè почесто се поставува во улога на оценувач на изјавите на македонските политички претставници, наместо да дејствува како партнер во искрен и европски ориентиран дијалог.

Од МНР потенцираат дека Македонија нема ниту намера, ниту потреба да се меша во внатрешнополитичките или изборните процеси во Република Бугарија, ниту преку јавни коментари, интерпретации или учество во дневнополитички наративи.

„Ги повикуваме бугарските институции да се придржуваат до принципите на добрососедство, заемна почит, предвидливост и институционална комуникација – вредности кои се темел на европската идеја. Европа се гради врз доверба и конкретни резултати, а не преку етикетирање и политички квалификации“, се наведува во реакцијата на македонското МНР.

Претходно во текот на денот, бугарското Министерство за надворешни работи изрази, како што наведоа, „длабоко разочарување“ од, според нив, континуираниот неконструктивен пристап на официјално Скопје, оценувајќи дека во јавноста се пласираат повторливи, нејасни и манипулативни изјави.

Во соопштението, бугарското МНР конкретно реагира на изјавите на македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски, во кои тој говори за наводна иницијатива на „поголеми и повлијателни“ земји членки на Европската Унија за организирање средба меѓу него и неговиот бугарски колега Георг Георгиев. Од Софија ваквите тврдења ги оценија како манипулативни.

„Европскиот консензус од 2022 година беше едногласно усвоен од сите земји членки на Европската Унија, како и од самата Република Северна Македонија. Дијалогот е институционален и се води меѓу земјата кандидат и Европската Унија, а имплементацијата зависи исклучиво од Скопје“, наведуваат од бугарското МНР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тактичка битка без победник, 1:1 меѓу Атлетико и Арсенал
Вести

03/05/2026
Кој како нив: Овие пензионери ќе добијат 13-та пензија
Вести

Инвестирањето ќе зависи од возраста на осигурениците, најавени големи промени во пензискиот систем

03/05/2026
„Рибникар“ три години подоцна – тишина, сеќавање и пораки
Вести

„Рибникар“ три години подоцна – тишина, сеќавање и пораки

03/05/2026
Селтикс елиминирани по шокантен камбек на Филаделфија
Спорт

Селтикс елиминирани по шокантен камбек на Филаделфија

03/05/2026
Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто
Вести

Јапонија диверзифицира: Пристигнува руска нафта во Ехиме

02/05/2026
Борозан замина од Вардар и Македонија
Вести

Лазаров добива силен адут – Борозан потпиша за Алкалоид

02/05/2026
Следна вест
Пожар во една од галиите во Вардар

Надојде Вардар, ќе ја однесе ли изгорената и искршената галија или сепак тоа мора да го сторат градските служби?

Најнови вести

Тактичка битка без победник, 1:1 меѓу Атлетико и Арсенал

03/05/2026
Кој како нив: Овие пензионери ќе добијат 13-та пензија

Инвестирањето ќе зависи од возраста на осигурениците, најавени големи промени во пензискиот систем

03/05/2026
„Рибникар“ три години подоцна – тишина, сеќавање и пораки

„Рибникар“ три години подоцна – тишина, сеќавање и пораки

03/05/2026
Селтикс елиминирани по шокантен камбек на Филаделфија

Селтикс елиминирани по шокантен камбек на Филаделфија

03/05/2026
Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто

Јапонија диверзифицира: Пристигнува руска нафта во Ехиме

02/05/2026
Борозан замина од Вардар и Македонија

Лазаров добива силен адут – Борозан потпиша за Алкалоид

02/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.