На 21.05.2026 година околу 22:30 часот на улица „107“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Ш. (26) од Тетово.
Тој се сомничи дека извршил кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик, односно дека претходно одзел електричен тротинет од Б.Б. (41) од Тетово.
Одземениот тротинет е пронајден и вратен на сопственикот. Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












