Земјотрес со локална магнитуда од 3,5 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван денеска во Скопје во 17:41 часот.
Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, потресот потекнува од скопското епицентрално подрачје и бил почувствуван со интензитет од четврти степен според Европската макросеизмичка скала.
Податоците на Европската сеизмолошка опсерваторија покажуваат дека епицентарот се наоѓал на околу 21 километар источно од Скопје, на длабочина од пет километри.
Земјотресот траел околу десет секунди и бил почувствуван од граѓаните, но без посилен интензитет. Засега нема информации за евентуална материјална штета.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:













