Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, порача дека нивното дело има огромно значење за развојот на словенската писменост, македонскиот јазик и духовната традиција.
Тој истакна дека мисијата на светите браќа го промовирала принципот на рамноправност меѓу народите и јазиците, а преку нивните следбеници била поставена основата на словенската писменост.
Филипче потсети дека Охрид е еден од најзначајните центри на словенската култура и писменост, нагласувајќи ја улогата на Свети Климент Охридски во создавањето и ширењето на кирилицата.
Во својата порака тој нагласи дека македонскиот јазик и идентитет се трајни вредности кои не можат да бидат загрозени, посочувајќи дека македонскиот јазик е меѓународно признаен и рамноправно застапен во Европската Унија.
Лидерот на СДСМ повика на негување и унапредување на македонскиот јазик, како и на создавање подобра европска перспектива за младите генерации.
„Светите Кирил и Методиј нè учеа дека напредокот доаѓа преку знаење, просветителство и отвореност кон светот“, порача Филипче во честитката по повод празникот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












