„Ферари“ го претстави својот прв целосно електричен автомобил под името „Луче“, со почетна цена од околу 550.000 евра. Моделот претставува значаен чекор за италијанскиот производител, кој со ова возило се оддалечува од класичниот дизајн на своите суперавтомобили, а истовремено воведува и конфигурација со пет седишта.
Додека конкуренцијата како „Ламборгини“ и „Порше“ ги забавува плановите за целосна електрификација поради послаба побарувачка и зголемен притисок од кинеските производители, „Ферари“ продолжува со развојот на сопствената електрична стратегија.
Извршниот директор на компанијата, Бенедето Виња, изјави дека развојот на „Луче“ траел околу пет години. Новиот модел има погон на сите четири тркала и забрзување од 0 до 96 километри на час за приближно 2,5 секунди.
Од компанијата истакнуваат дека сите компоненти се произведуваат во нивните погони, што овозможува подоцнежно одржување и сервисирање директно од „Ферари“, со цел зачувување на вредноста на возилото на пазарот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












