Учениците од ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје постигнаа значаен меѓународен успех, освојувајќи престижна награда на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2026, кој традиционално се одржува во Берлин, Германија.
Наградата е освоена за проектот „Нашето патување на Јупитер“, кој го изработија учениците од 4а одделение под менторство на наставниците Ирена Грегориќ и Стефан Симовски. Проектот се издвоил меѓу бројните пријавени трудови од различни земји и бил високо оценет од стручната комисија.
Станува збор за едно од најреномираните меѓународни натпреварувања од оваа област, кое го организира Сојузното германско здружение за воздушна и вселенска индустрија од Берлин во соработка со германското Министерство за економија и енергија.
Во организацијата учествуваат и значајни институции и компании од областа на воздухопловството и вселенската индустрија, меѓу кои се германските образовни и научни институции, како и водечки компании од секторот.
Од Општина Карпош информираат дека конечната одлука за наградите ја донело деветчлено стручно жири составено од универзитетски професори, астрофизичари, наставници, претставници на германските институции, медиуми и експерти од воздухопловната индустрија.
Овој успех претставува големо признание не само за учениците и нивните наставници, туку и за македонското образование во целина. Проектот уште еднаш покажа дека младите таленти од Македонија можат успешно да се натпреваруваат и да постигнуваат врвни резултати на меѓународна сцена.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












