• Импресум
Monday, June 15, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Филипче тврди дека Сиљановска-Давкова ги дели ставовите на Фронтот за вистина и правда

13/06/2026
Време за читање: 1 минути
A A
СДСМ победи во прв круг во три општини, во 20-тина оди во втор круг, кажа Венко Филипче

Претседателот на СДСМ Венко Филипче преку објава на социјалната мрежа Икс оцени дека претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за првпат јавно изнела ставови кои според него СДСМ и граѓанскиот Фронт за вистина и правда ги застапуваат подолг период.

Филипче се осврна на изјавата на Сиљановска-Давкова дека Македонија треба да се европеизира преку реформи и владеење на правото, а не преку историски и идентитетски дебати, нагласувајќи дека историските спорови со Бугарија не се дел од европските услови за продолжување на преговорите со Европската Унија.

Тој истакна дека по првпат некој од ВМРО-ДПМНЕ јавно го кажува она што СДСМ, а сега и поширокиот граѓански фронт, го повторува подолго време. Според него, историските спорови со Бугарија и работата на Историската комисија се билатерално прашање, а не европски услов.

Филипче посочи дека реформите и исполнувањето на Копенхашките критериуми се клучни за напредокот на државата кон Европската Унија и дека тие не претставуваат закана за македонскиот јазик, култура и национален идентитет.

Во објавата тој упати критики и кон премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека преку лаги и пропаганда го дели народот и ја изолира државата, како што наведе, поради сопствените криминали и корупција.

На крајот од објавата Филипче директно ѝ се обрати на претседателката, заблагодарувајќи ѝ се за вистината и изразувајќи надеж дека како професорка по право ќе биде на страната на правдата, со порака „реформи сега, Европа сега“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судир на два хеликоптери над Рио: Најмалку шест загинати
Вести

Судир на два хеликоптери над Рио: Најмалку шест загинати

15/06/2026
Убедлива победа за Шведска и возбудливо реми меѓу Холандија и Јапонија
Вести

Убедлива победа за Шведска и возбудливо реми меѓу Холандија и Јапонија

15/06/2026
Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто
Вести

По договорот за прекин на огнот, нафтата забележа значителен пад

15/06/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа
Вести

Трамп објави историски договор со Иран: Ќе се отвори Ормутскиот теснец

15/06/2026
Од 15 јуни нови правила на патарините: МТАГ лентите само за електронски тагови
Вести

Од денеска нов режим на патарините: MTAG лентите само за електронски тагови

15/06/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени
Вести

Летни температури низ Македонија, од среда можни поројни дождови и грмежи

15/06/2026
Следна вест
Власта да запре со предизборните вработувања

Уставните измени не се последна, туку прва отстапка од барањата на Бугарија, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ

Најнови вести

Судир на два хеликоптери над Рио: Најмалку шест загинати

Судир на два хеликоптери над Рио: Најмалку шест загинати

15/06/2026
Убедлива победа за Шведска и возбудливо реми меѓу Холандија и Јапонија

Убедлива победа за Шведска и возбудливо реми меѓу Холандија и Јапонија

15/06/2026
Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто

По договорот за прекин на огнот, нафтата забележа значителен пад

15/06/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Трамп објави историски договор со Иран: Ќе се отвори Ормутскиот теснец

15/06/2026
Од 15 јуни нови правила на патарините: МТАГ лентите само за електронски тагови

Од денеска нов режим на патарините: MTAG лентите само за електронски тагови

15/06/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени

Летни температури низ Македонија, од среда можни поројни дождови и грмежи

15/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.