Шведска имаше фантастичен старт на Светското првенство, откако со убедливи 5-1 го совлада Тунис и испрати силна порака уште во првото коло.
Швеѓаните рано го отворија резултатот преку Ајари во седмата минута, а Исак во 30. минута ја удвои предноста. Тунис успеа да ја врати неизвесноста пред паузата кога Рекик погоди за 2-1.
Сепак, второто полувреме донесе целосна доминација на Шведска. Ѓокереш во 60. минута зголеми на 3-1, Сванберг во 84. минута практично го реши победникот, а Ајари во судиското продолжение со својот втор гол ги постави конечните 5-1.
Во вториот натпревар, Брегот на Слоновата Коска минимално го совлада Еквадор со 1-0. Кога изгледаше дека дуелот ќе заврши без голови, Дијало во 90. минута се претвори во херој на африканската селекција и ги донесе трите бода.
Најмногу возбудувања понуди натпреварот меѓу Холандија и Јапонија, кој заврши нерешено 2-2.
По мирното прво полувреме без голови, Холанѓаните поведоа во 51. минута преку Ван Дајк по асистенција на Гравенберх. Јапонија брзо возврати и само шест минути подоцна Накамура израмни на 1-1.
Холандија повторно дојде до предност во 68. минута кога Самервил ја затресе мрежата по уште една асистенција на расположениот Гравенберх. Сепак, Јапонците не се предадоа и во 89. минута преку Камада стигнаа до заслужено израмнување и бод на стартот од турнирот.
По првото коло во групата Ф, ситуацијата останува целосно отворена, а борбата за пласман во нокаут-фазата допрва се очекува да се вжешти.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












