Претседателката Гордана Сиљановска Давкова синоќа присуствуваше на свечениот прием организиран по повод 14 Јули – Националниот ден на Француската Република.
По тој повод, таа упати честитки до францускиот претседател Емануел Макрон и до граѓаните на Франција, истакнувајќи ги вредностите што произлегуваат од Француската револуција.
„Искрени честитки до претседателот Емануел Макрон и до францускиот слободарски народ. Амбасадорот Кристоф Ле Риголер нѐ потсети на Француската револуција и на нејзината длабока верба во слободата, братството и еднаквоста, како и на трајната демократска инспирација на Француската декларација за правата на човекот и граѓанинот“, напиша Сиљановска Давкова на Фејсбук.
Таа нагласи дека македонско-француските односи се градат врз взаемна почит и доверба, а дополнително се зајакнуваат преку Франкофонијата, како и преку соработката во образованието, науката и културата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












