Со 88 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржани“, Собранието денеска ја донесе Одлуката за продолжување на кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври.
Владата на седницата одржана на 17 јули донесе одлука со која рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање мерки доколку дојде до нарушувања во снабдувањето во Македонија или до значителни ценовни шокови на меѓународните пазари на нафта и нафтени деривати.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












