Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека руските сили во изминатата недела извршиле интензивни воздушни напади врз Украина, при што биле лансирани 95 ракети, од кои повеќе од половина биле балистички.
Според Зеленски, во истиот период Русија употребила и околу 1.700 беспилотни летала, како и повеќе од 1.630 наведувани авионски бомби насочени кон различни цели низ Украина.
Тој информираше дека само во текот на последната ноќ биле регистрирани напади со осум ракети и 136 дронови од различни типови. Нападите, според неговите информации, ги погодиле регионите Херсон, Доњецк, Дњепропетровск, Харков, Суми, Одеса, Миколаев, Запорожје и Чернигов, како и главниот град Киев.
Зеленски наведе дека во Киев три лица биле повредени во напад со балистички ракети, додека во Харков едно лице го загубило животот, а девет лица биле повредени, меѓу кои и две деца, по удар со беспилотно летало врз станбени објекти.
Тој додаде дека спасувачките екипи продолжуваат со отстранување на последиците од нападите, како и со гаснење на пожарот што избувнал во хипермаркет во Криви Рих.
Украинскиот претседател повторно повика западните сојузници побрзо да обезбедат системи за противвоздушна одбрана и ракети-пресретнувачи, оценувајќи дека тие се неопходни за заштита на цивилите и за намалување на руската предност во користењето балистичко оружје.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












