• Импресум
Monday, June 15, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Зошто професорите Марковски, Пановски и Даниловски не беа порано барани за совети?

31/01/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Зошто професорите Марковски, Пановски и Даниловски не беа порано барани за совети?

Покана за членување во Комисија за заразни болести не се праќа преку Фејсбук оти тоа е и несериозно и неприфатливо. Ваква лекција доби новиот министер за здравство Беким Сали откако преку социјална мрежа ги покани медицинските експерти Вело Марковски, Никола Пановски и Драган Даниловски да се приклучат на Комисија.

-Не ме контактирал никој, но јавната покана за мене е беспредметна да се коментира. Не сум на толку ниско ниво за да прифатам таков вид комуникација. Се знае каков е начинот за тоа, прво се разговара, па се објавува. На Фејсбук тој може што сака да пишува, изјави соноќа Пановски.

Сличен став имаше и доктор Вело Марковски.

–Несериозно да се покануваат експерти преку Фејсбук. Комисијата е советодавно тело на министерот, без суштинско влијание на било какви мерки, рече Марковски.

И професорот Драган Даниловски одговори дека никој не го контактирал, но и тоа немало да го премисли во одбивањето.

-Не прифаќам членување во Комисијата за заразни болести. Таа нема ингеренции да носи извршни одлуки, туку само заклучоци, кои му ги предлага на Министерот. Тој може, ама не мора, да ги прифати. Крајната одлука е само негова и би требало да биде извршна. А тука се и Кризен штаб и Владата… Во таков амбиент, за мене е неприфатливо да ја жртвувам својата автономија, рече Даниловски.

Инаку, сите тројца угледни професори долго време укажуваа дека значаен дел од мерките кои ги предлага Комисијата се погрешни па дури и контрапродуктивни. Тие даваа многу предлози како да се делува, но тоа не беше прифатено токму од Комисијата и претходниот министер Филипче. Зошто тогаш не беа повикани професорите барем да даваат совети – правци?

Што сега ќе направи новиот министер? На Комисијата навистина и треба поткрепа со нови експерти. Но потребно е и политичарите да ги прифаќаат предлозите на експертите, а не само да се ислушаат. 

На пример професорите опоменуваа за несоодветното користење на антобиотици, за преголемото користење на респиратори, за немањето јасни протоколи, а веќе извесно време бараат да се укинат сертификатите…

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судир на два хеликоптери над Рио: Најмалку шест загинати
Вести

Судир на два хеликоптери над Рио: Најмалку шест загинати

15/06/2026
Убедлива победа за Шведска и возбудливо реми меѓу Холандија и Јапонија
Вести

Убедлива победа за Шведска и возбудливо реми меѓу Холандија и Јапонија

15/06/2026
Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто
Вести

По договорот за прекин на огнот, нафтата забележа значителен пад

15/06/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа
Вести

Трамп објави историски договор со Иран: Ќе се отвори Ормутскиот теснец

15/06/2026
Од 15 јуни нови правила на патарините: МТАГ лентите само за електронски тагови
Вести

Од денеска нов режим на патарините: MTAG лентите само за електронски тагови

15/06/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени
Вести

Летни температури низ Македонија, од среда можни поројни дождови и грмежи

15/06/2026
Следна вест
НОВИ ПОВИСОКИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА

Бензинот повторно поскапува

Најнови вести

Судир на два хеликоптери над Рио: Најмалку шест загинати

Судир на два хеликоптери над Рио: Најмалку шест загинати

15/06/2026
Убедлива победа за Шведска и возбудливо реми меѓу Холандија и Јапонија

Убедлива победа за Шведска и возбудливо реми меѓу Холандија и Јапонија

15/06/2026
Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто

По договорот за прекин на огнот, нафтата забележа значителен пад

15/06/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Трамп објави историски договор со Иран: Ќе се отвори Ормутскиот теснец

15/06/2026
Од 15 јуни нови правила на патарините: МТАГ лентите само за електронски тагови

Од денеска нов режим на патарините: MTAG лентите само за електронски тагови

15/06/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени

Летни температури низ Македонија, од среда можни поројни дождови и грмежи

15/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.