Mатурантот Џонатан Вокер направил голема забава откако бил примен на 27 факултети и универзитети, меѓу кои Харвард, Стенфорд и МИТ. Тој, исто така, добил и стипендии за студирање во вредност од повеќе од четири милиони долари.
„Се изненадив кога видов дека дека сите се заинтересирани за мене и дека го сакаат моето присуство во нивната институција“, изјавил Вокер.
Вокер, кој дипломирал на „Панама Сити“ на Флорида, изјавил дека на секој од споменатите факултети нашол по нешто што му се допаѓа и се пријавил само на оние каде што би можел да биде „среќен“.
„Се видов себеси на секој од факултетите на мојата листа и не се пријавив таму каде што мислам дека нема да бидам среќен. Направив список и се пријавував“, вели Вокер.
Со големиот избор од 27 факултети, тој рече дека размислува на кој од нив да почне наесен.
„Најмногу ме интересира инженерството, како и претприемништвото. Исто така, размислувам како да создадам сопствен правец, бидејќи ме интересираат многу различни работи“- откри Вокер.
„Пред неколку години родителите ми донесоа хемиски сет… Најдов начин како да ја насочам таа љубопитност во науката која брзо процвета во инженерство. Тогаш научив дека можам да го користам инженерството за да им помагам на луѓето. Ме интересира креирањето на уреди што би можеле да им помогнат на ранливите заедници и на луѓето кои се соочуваат со тешки проблеми“, вели младиот човек.
Тој додава дека со својот партнер работи на уред за на рака што би им помогнал на слепите и глувите лица подобро да комуницираат.
Вокер претходно креирал уред што го потсетува корисникот на неговите лекови на рецепт, Тој е активен во научниот клуб, меѓународната програма за матуранти и универзитетскиот рагби тим.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












