Господ ги чува сите на кои му е потребна неговата помош, а за овие деца кои си играле во Подгорица секако дека неговата помош била од големо значење.
Имено, видеото кое вчера се појави на Инстаграм страната Podgorica Time Machine на многумина им го одзела здивот.
Видеото кое беше објавено со опис „погледнете колку деца не загинаа денеска кога падна фасадата на зградата во Подгорица“ е прегледано 27.000 пати, а коментарите се главно исти. Дека некој треба да одговара и дека самиот Господ ги спасил децата.
Децата трчале околу кафулето во кое седеле многу возрасни и пиеле кафе, а кога се приближиле до скалите каде што е кафулето, како самиот Господ да ги запрел и ги повлекол од местото каде што само неколку секунди подоцна ќе паднат бетонските блокови. Децата кои до тој момент биле разиграни, по неколку секунди се смрзнале од страв, а потоа побегнале, речиси несвесни за тоа каква среќа имаат.
Фото: Принтскрин/Instagram
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












