• Импресум
Monday, July 20, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Владата се задолжи за нови 530 милиони евра кај ММФ, за премиерот Ковачевски тоа е потврда за добрите економски политики

11/10/2022
A A
Владата се задолжи за нови 530 милиони евра кај ММФ, за премиерот Ковачевски тоа е потврда за добрите економски политики

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во земјава даде зелено светло за доделување 530 милиони евра на Македонија преку кредитната линија за претпазливост (во рок од 24 месеци. На располагање годинава ќе бидат 110 милиони, соопшти Министерството за финансии.

Премиерот Димитар Ковачевски пред неколку дена изјави дека очекува „позитивна вест“ од ММФ и кредитори за нови заеми со кои Владата ќе ја пребродува економската и енергетската криза. Од првично планираното задолжување, кое во државниот буџетот за годинава беше одредено на 787 милиони евра, со ребалансот од летово сумата за заеми речиси се удвои, на 1,5 милијарди евра, што е речиси една третина од вкупниот буџет за годинава (4,4 милијарди евра).

– Ова е големо признание за економските политики кои се спроведуваат во земјава, бидејќи Фондот овој финансиски инструмент го наменува само за земји со здрави економски фундаменти и со здрави политики, информираа вчера од Министерството за финансии.

По финалното одобрување на овој инструмент од страна на Бордот на ММФ, кое се очекува во текот на овој месец, на нашата земја веднаш ќе и бидат ставени на располагање 110 милиони евра за финансирање на буџетските потреби и за полесно соочување со шоковите кои ги донесе енергетската и ценовната криза.

– Самата намена на инструментот е да пружи ликвидноста поддршка на здрави економии во време на шокови и кризи, каква што е тековната глобална ситуација, појаснуваат од Министерството за финансии.

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа во емисијата 24 анализа во врска со заемот од ММФ истакна дека најпрвин како влада биле критикувани долг период дека не може да ги привршат преговорите со ММФ.

– Тоа бевме обвинувани од опозицијата и се потврди дека е без основа, и од постигнатиот договор, се гледа дека од добрите економски политики, стабилната и фискална и моментарна политика, ММФ го одобри овој инструмент. Тој ќе биде исплаќан оваа година, идната и наредната година и каматата е помеѓу 1 и 2 отсто, а потоа сукцесивно оди враќањето, како што заздравува буџетското функционирање на државата. Овој инструмент се користи за поддршка на буџетот и девизните резерви, рече Ковачевски.

Во изјавата на мисијата на ММФ се дава признание и на заложбите на Владата за понатамошно спроведување на фискалната консолидација, како и реформите во јавните финансии, пред се новиот Закон за буџети и фискалните правила кои ќе придонесат во оваа насока.

– Пристапот до овој финансиски инструмент, испраќа силни сигнали од страна на ММФ за домашната економија на меѓународните пазари и инвеститори. Имено при одобрувањето, покрај позитивната оцена за економијата од последната мисија на Фондот во земјава, ММФ ги оценува и фискалната политика, монетарната политика, стабилноста и супервизијата на финансискиот сектор и соодветноста на податоците. Оваа линија значи доверба во економијата и политиките кои се спроведуваат во земјата, велат од Министерството за финансии.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аргентина испиша неславна историја во финалето на Светското првенство
Вести

Аргентина испиша неславна историја во финалето на Светското првенство

20/07/2026
„Фуријата“ ја освои планетата: Шпанија до светска титула по голема битка против Аргентина
Вести

„Фуријата“ ја освои планетата: Шпанија до светска титула по голема битка против Аргентина

20/07/2026
Владата на Ковачевски е влада на Бугарија, и на Албанија, само не е влада на Македонија, затоа владеат со притисоци и уцени
Вести

Производителите и трговците утре на состанок со Владата за цените на храната

20/07/2026
Брз и вкусен ручек: Компир, тиквички и сланина во совршена комбинација
Вести

Брз и вкусен ручек: Компир, тиквички и сланина во совршена комбинација

19/07/2026
Дневен хороскоп за понеделник, 25 декември 2023 година
Вести

Љубовта тропа на врата: Овие знаци ги очекува романтично лето

19/07/2026
Алкалоид, Комерцијална банка и Макпетрол со најголема активност
Вести

Комерцијална банка повторно најтргувана акција на Македонската берза

19/07/2026
Следна вест
Меч за паметење во Аеродром: Триумф за Партизан, комплимети за МЗТ Скопје

Меч за паметење во Аеродром: Триумф за Партизан, комплимети за МЗТ Скопје

Најнови вести

Аргентина испиша неславна историја во финалето на Светското првенство

Аргентина испиша неславна историја во финалето на Светското првенство

20/07/2026
„Фуријата“ ја освои планетата: Шпанија до светска титула по голема битка против Аргентина

„Фуријата“ ја освои планетата: Шпанија до светска титула по голема битка против Аргентина

20/07/2026
Владата на Ковачевски е влада на Бугарија, и на Албанија, само не е влада на Македонија, затоа владеат со притисоци и уцени

Производителите и трговците утре на состанок со Владата за цените на храната

20/07/2026
Брз и вкусен ручек: Компир, тиквички и сланина во совршена комбинација

Брз и вкусен ручек: Компир, тиквички и сланина во совршена комбинација

19/07/2026
Дневен хороскоп за понеделник, 25 декември 2023 година

Љубовта тропа на врата: Овие знаци ги очекува романтично лето

19/07/2026
Алкалоид, Комерцијална банка и Макпетрол со најголема активност

Комерцијална банка повторно најтргувана акција на Македонската берза

19/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.