• Импресум
Saturday, July 18, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Денес покрај Младенци, се празнуваат и овие светители

22/03/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Денес покрај Младенци, се празнуваат и овие светители

Според Календарот на МПЦ, денес се празнуваат овие светители:

Светите четириесет маченици во Севастија

Сите овие беа војници во римската војска, но тврдо веруваа во Господ Исус. Кога настана гонење во времето на Ликиниј, ги изведоа на суд пред војводата, а тој им се закани дека ќе им ја одземе војничката чест. На ова еден од нив, Свети Кандид, одговори: „Не само војничката чест туку и телата земи ни ги; нам не ни е ништо помило и почесно од нашиот Бог Христос“. По ова војводата им нареди на слугите да ги каменуваат овие светии. Но кога слугите фрлаа по нив камења, камењата се враќаа сами и паѓаа врз тие што ги фрлаа, па луто ги изудираа. Еден камен му падна на војводата в лице и му ги скрши забите. Мачителите, лути како ѕверови, ги врзаа светиите и ги фрлија во тамошното езеро и поставија наоколу стражари за ниеден да не излезе од водата. Имаше силен мраз, езерото мрзнеше околу телата на мачениците. За да бидат маките посилни, мачителите загрејаа и осветлија бања покрај езерото близу до страдалците, за тие гледајќи ја некако да се подлажат и да се одречат од Христа, а да ги признаат римските идоли. И навистина, еден се опрелести, излезе од водата и влезе во топлата бања. Но ноќта падна една необична светлина од небото, па ја загреа водата во езерото и телата на мачениците, а со оваа светлина од небото се спуштија триесет и девет венци врз нивните глави. Ова го виде еден од стражарите на брегот, па се соблече, го исповеда името на Господ Исус Христос и влезе во езерото за самиот да се удостои со четириесеттиот венец на предавникот. Врз него навистина слезе тој последен венец. Утредента сиот град се изненади кога ги виде мачениците живи. Тогаш злобните судии наредија и ги претепаа, а телата им ги фрлија во водата за да не ги земат христијаните. На третиот ден Светите маченици му се јавија на тамошниот епископ Петар и го повикаа да ги собере од водата и да ги извади нивните мошти. Епископот излезе ноќе по темнина заедно со својот клир и по водата видоа како светат моштите на мачениците. И секоја коска што беше одвоена од нивните тела исплива на површината и светеше како свеќа. Ги погребаа чесно. Нивните души отидоа кај Господ Исус, намачен за сите нас и воскреснат со слава. Чесно пострадаа и стекнаа непропадлива слава во 320 година.

Тропар
Со болките што светите ги претрпеа за Тебе, биди замолен, Господи, и сите наши болки исцели ги, Човекољупче.

Кондак
Откако му ја оставивте на светот сета војска, Му се придруживте на Господарот на небесата, четириесет страдалци Господови. Оти, откако минавте низ огнот и водата, блажени, достојно ја примивте славата од небесата, и мноштвото венци.

Преподобен Филор Исповедник

Живееше и се подвизуваше во Галатија во 4 век. За него велат дека бил толку совршен во добродетелите, што повеќе личел на ангел одошто на човек. Особено е прочуен по неговото трпение. Бил гонет од царот Јулијан Отстапник и многу страдал за Христа. Но по смртта на овој христогонител Св. Филор поживеа мирно, за полза на многумина. Се упокои во осумдесеттата година од животот.

Светите славни Четириесет битолски преподобномаченици

Свети 40 Битолски преподобномаченици се новоканонизирани македонски светители кои биле свештеници и монаси во Битола во втората половина на XIV век, кога Османлиите ја освоиле Битола. 39-те монаси и свештеници веднаш по освојувањето на Битола биле заробени од страната на Агарјаните. За време на заробеништвото и еден муслимански преведувач преминал во христијанство со што бројката пораснала на 40. На деветтиот ден од месецот март 1384 година сите 40 заробени биле погубени на Баирскиот рид во Битола.

Тропар
На Битола благоухание цветови, и сопричесници на мачениците Христови, светите четириесет од душа да ги чевствуваме. Зашто тие, возвестувајќи ја православната вера, мракоподобната агарјанска заблуда ја изобличија и поради отсечените божествени глави од раскошот на Рајот се насладуваат.

Свети Кесариј

Брат на Св. Григориј Богослов. Беше богословски писател. Меѓу другото се трудеше да одговори на прашањето колку време Адам и Ева поминаа во Рајот пред изгонувањето. Некои го определуваа тоа време на шест часа, други на дваесет и четири часа, трети на три дена. Свети Кесариј мислеше дека тоа траело четириесет дена. „Заради тоа“, вели тој, „и Господ постеше во пустината четириесет дена и за тоа време беше искушуван од ѓаволот. И додека стариот Адам не можеше да им одолее на ѓаволските искушенија сред рајското изобилие, Новиот Адам витешки им одолеа среде гладната и жедна пустина“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доцни вечери, алкохол и пиротехника: ИЈЗ со важни совети за безбедни празници
Вести

Стручни екипи на ИЈЗ работат и за викенд по случајот во Гостивар

18/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии
Вести

Девојка пријавила дека била набљудувана додека пробувала облека во гардероба

18/07/2026
Град Скопје обезбедува вода за жителите на Гостивар
Вести

Град Скопје обезбедува вода за жителите на Гостивар

18/07/2026
Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите
Вести

Наскоро одговори за масовните стомачни тегоби во Гостивар, најави Мицкоски

18/07/2026
Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау
Вести

Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау

18/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни
Вести

СДСМ: Извештајот на ЕК покажува сериозни проблеми со владеењето на правото

18/07/2026
Следна вест
Две љубовници се тепале за Горан Бреговиќ во Париз

Две љубовници се тепале за Горан Бреговиќ во Париз

Најнови вести

Доцни вечери, алкохол и пиротехника: ИЈЗ со важни совети за безбедни празници

Стручни екипи на ИЈЗ работат и за викенд по случајот во Гостивар

18/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии

Девојка пријавила дека била набљудувана додека пробувала облека во гардероба

18/07/2026
Град Скопје обезбедува вода за жителите на Гостивар

Град Скопје обезбедува вода за жителите на Гостивар

18/07/2026
Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите

Наскоро одговори за масовните стомачни тегоби во Гостивар, најави Мицкоски

18/07/2026
Од бебе во рацете на Меси до ривал во финале на Светско првенство

Од бебе во рацете на Меси до ривал во финале на Светско првенство

18/07/2026
Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау

Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау

18/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.