• Импресум
Tuesday, June 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Aко лошо спиете може да добиете мозочен удар

19/04/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Aко лошо спиете може да добиете мозочен удар

– Шмркањето со носот, ‘рчењето, превртувањето в кревет, долгите дремки дење, будењето ноќе, или пак, премалку или дури и премногу сон, освен што придонесуваат за слаб квалитет на спиењето, исто така, ја зголемуваат и опасноста од мозочен удар.

Авторката на новиот научен труд, Кристин Мекарти од Универзитетот на Галвеј во Ирска, смета дека овие симптоми може да доведат и до пет пати поголем ризик од мозочен удар. Всушност, истражувачите откриле дека колку повеќе проблеми со спиењето има човекот, толку е поголема опасноста од мозочен удар, пишува „Си-ен-ен“.

– Наодите се во согласност со претходните истражувања коишто го поврзуваат нездравиот сон со високиот крвен притисок и оштетувањето на крвните садови, кои се фактори на опасност од мозочен удар, се надоврза Кристен Нутсон, вонредна професорка по Неврологија и Превентивна медицина на Медицинскиот факултет „Фајнберг“ при американскиот Северозападен Универзитет.

Можна причина е влијанието на краткиот, „испрекинат“ сон и нарушувања во спиењето, како што е апнејата, врз способноста на телото да го регулира метаболизмот, крвниот притисок и воспаленијата, коишто се фактори на ризик за мозочен удар.

И д-р Филис Зи, директорка на Центарот за деноноќна медицина и медицина на спиењето при Северозападниот Универзитет, смета дека лошиот сон има негативно влијание врз здравјето.

– Лошиот сон може да го наруши природното намалување на крвниот притисок што се случува за време на ноќниот сон и да придонесе за хипертензија, што е важен фактор на ризик за мозочен удар и кардиоваскуларни болести. А, и други истражувања врз дел од населението посочија слични врски меѓу нарушувањето на сонот и заболувањата како што се дијабетес, срцеви заболувања и деменција, вели таа.

Написот во списанието „Неуролоџи“ (Neurology), анализира податоци од над 4.500 луѓе.

Резултатите важат за вистинити и по исклучувањето други проблеми коишто може да доведат до мозочен удар – депресија, злоупотреба на алкохол, пушење и недостаток на физичка активност.

Апнеја е состојба при спиење во која луѓето престануваат да дишат неколкупати на час. Тоа е поврзано со трикратно зголемување на опасноста од мозочен удар, се вели во истражувањето.

– Важно е да се напомене дека испитувањата можат да покажат само поврзаност меѓу проблемите со спиењето и мозочниот удар, а не вистинската причина, нагласи д-р Ендрју Фриман, одговорен за одделот за срцеви болест при здружението Национално еврејско здравје во Денвер, САД.

Дремењето, исто така, е посочено како фактор на ризик. Луѓето кои дремат во просек – повеќе од еден час имаат 88 отсто поголеми можности за мозочен удар од оние кои не дремат. Сепак, вообичаената дремка од помалку од еден час не била поврзана со зголемена опасност од мозочен удар, се вели во написот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судир на два хеликоптери над Рио: Најмалку шест загинати
Вести

Судир на два хеликоптери над Рио: Најмалку шест загинати

15/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,05 отсто, најтргувани акциите на Македонијатурист

13/06/2026
Што се случува со Фејсбук?
Вести

Пад на Фејсбук и Месенџер, се чека официјално објаснување

12/06/2026
Студентите од приватните факултети бараат бесплатен градски превоз во Скопје
Вести

Напад врз контролор на ЈСП поради неплатен билет

11/06/2026
Пронајдени 5.880 парчиња пиротехника во струмичко
Вести

Сообраќаен инцидент прераснал во обид за убиство, истрага против двајца браќа

08/06/2026
Нема активни пожари во Македонија
Вести

Инцидент во Скопје: Изгоре паркиран автомобил, истражуваат причините

06/06/2026
Следна вест
Македонскиот борач Магомедов освои бронзен медал на Европското првенство

Македонскиот борач Магомедов освои бронзен медал на Европското првенство

Најнови вести

Ердоган тврди дека води на предизборните анкети

Ердоган го поздрави договорот САД – Иран: Чекор кон мир и стабилност

16/06/2026
Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

16/06/2026
Ланд ровер“ удри пешак во Гевгелија

Жителите на „29 Ноември“ во Центар без вода до завршување на интервенцијата

16/06/2026
Половина Скопје утре без струја

ЕВН најави прекини: Делови од Кисела Вода, Илинден и Центар без електрична енергија

16/06/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

По договорот со Иран, Трамп се насочува кон мир во Украина и Либан

16/06/2026
Голманот што ја запре Шпанија стана светска сензација преку ноќ

Голманот што ја запре Шпанија стана светска сензација преку ноќ

16/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.