Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Ќафасан спречија увоз на повеќе од 26 тони замрзнат пилешки батак без коска, поради неисполнување на законските услови за увоз.
Станува збор за пратка од 2.167 пакувања, секое со тежина од 12 килограми, која по донесеното решение за забрана од страна на официјалните ветеринари на АХВ е вратена во земјата извозник – Бразил.
Од АХВ појаснуваат дека забраната е изречена затоа што пратката била во спротивност со важечката одлука за забрана на увоз на живи животни, како и производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил. Мерката е воведена со цел заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца (птичји грип).
Според одлуката, забранет е увоз на пратки добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година, што во конкретниот случај не било испочитувано.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












