Карлос Алкараз и Александер Зверев се првите двајца тенисери кои обезбедија пласман во четвртфиналето на Гренд-слем турнирот Австралија опен.
Светскиот рекет број два и втор носител во Мелбурн, Карлос Алкараз, за нешто повеќе од два часа и 30 минути го совлада Американецот Томи Пол во три сета. Пол пружи силен отпор во текот на целиот меч, но Шпанецот во клучните моменти беше посигурен.
Првиот сет беше решен во тај-брејк, каде Алкараз славеше со 8-6. Во вториот сет, еден направен брејк беше доволен за водство од 2:0 во сетови, откако Алкараз го доби со 6-4. Голема борба се водеше и во третиот сет, но Шпанецот повторно излезе како победник, триумфирајќи со 7-5.
Пласман во четвртфиналето избори и Александер Зверев, кој во три сета беше подобар од Аргентинецот Франсиско Серундоло. Германецот одигра сигурен меч и за два часа и 14 минути славеше со 6-2, 6-4 и 6-4, без поголеми проблеми.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












