• Импресум
Friday, July 24, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Ангелов до СДСМ: Ако може да гласате поранешен командант на УЧК да биде премиер, гласајте и за необесштетените воени инвалиди и семејства на загинатите во 2001

28/01/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Ангелов до СДСМ: Ако може да гласате поранешен командант на УЧК да биде премиер, гласајте и за необесштетените воени инвалиди и семејства на загинатите во 2001

АПЕЛ ДО ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ ЗА ПОДДРШКА НА ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ НА ДОСТОИНСТВО ЗА ОБЕСШТЕТУВАЊЕ НА НЕОБЕСШТЕТЕНИТЕ ВОЕНИ ИНВАЛИДИ И СЕМЕЈСТВА НА ЗАГИНАТИ БРАНИТЕЛИ

…Додека гласаат поранешниот командант од УЧК да стане премиер, нека соберат храброст и следните неколку дена нека гласаат и за оние кои загинаа или беа ранети од истата онаа УЧК од чии редови потекнува премиерот за кој гласаат денес…

Денес македонското Собрание ќе гласа за избор на техничка Влада која ќе биде предводена од досегашниот собраниски претседател и следен премиер, поранешниот командант од УЧК, Талат Џафери.

На негово место во Собранието е избран координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески.

На крајот на ноември минатата година, Достоинство поднесе иницијатива со Предлог закон за измена и дополнување на постоечкиот Закон за бранители, со кој треба да се обезбеди обесштетување на 10-тина воени инвалиди и 15-тина семејства на загинатите бранители кои се’ уште се необесштетени.

Со своите потписи пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ даде недвосмислена подршка на оваа иницијатива со што таа стана и официјален Предлог закон.

Со образложение дека е испратен на превод на албански јазик, Талат Џафери избегна да го стави на дневен ред на собраниска седница овој Предлог закон иако истиот се состои од само еден суштински член.

Затоа, во име на сеуште необесштетените десеттина воени инвалиди и петнаесеттина семејства на загинати бранители апелирам до новиот собраниски претседател веднаш да го стави на дневен ред овој предлог закон, а до пратеничката група на СДСМ да даде поддршка на истиот.

Со поддршката на предлог законот на Достоинство ќе се исправи една голема неправда нанесена на воените инвалиди и семејствата на загинатите бранители, но воедно ВМРО ДПМНЕ ќе ја тргне блокадата на Законот за вработените во одбраната кој го блокираа со над 1.500 амандмани.

Голема благодарност до пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ со надеж дека и пратеничката група на СДСМ на крајот на својот мандат ќе собере храброст и ќе се одважи да даде поддршка на се’ уште необесштетените воени инвалиди и семејства на загинатите бранители од 2001-та. Исто како што денес ќе дадат поддршка на поранешен командант од УЧК, од истата онаа УЧК која ги уби или рани нашите соборци за кои бараме праведно обесштетување.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарската влада планира големи заштеди преку кратење на политичките привилегии
Вести

Новата влада во Будимпешта ќе истражува можни злоупотреби со заемот за Македонија

24/07/2026
Браво ја совлада Шкендија, реваншот во Скопје ќе го реши патникот понатаму
Вести

Браво ја совлада Шкендија, реваншот во Скопје ќе го реши патникот понатаму

24/07/2026
Хаос во Албанија поради проектот на зетот на Трамп, ескалираа протестите
Вести

Хаос во Албанија поради проектот на зетот на Трамп, ескалираа протестите

24/07/2026
Најмалку 11 загинати а 3.500 беа повредени за време на иранскиот традиционален огнен фестивал
Вести

Огнената стихија пустоши во Франција: Илјадници жители и туристи ја напуштија областа

24/07/2026
Зулфиќар Зејнула пред избор за министер без ресор
Вести

Зулфиќар Зејнула пред избор за министер без ресор

24/07/2026
Врне дожд во цела Македонија: На Попова Шапка наврнало 55 литри дожд
Вести

Освежување по топлотниот бран: Пороен дожд и ветер во делови од земјата

24/07/2026
Следна вест
Цреша се од корен корнеше, Ковачевски се од премиерска фотелја делеше

Цреша се од корен корнеше, Ковачевски се од премиерска фотелја делеше

Најнови вести

Унгарската влада планира големи заштеди преку кратење на политичките привилегии

Новата влада во Будимпешта ќе истражува можни злоупотреби со заемот за Македонија

24/07/2026
Браво ја совлада Шкендија, реваншот во Скопје ќе го реши патникот понатаму

Браво ја совлада Шкендија, реваншот во Скопје ќе го реши патникот понатаму

24/07/2026
Хаос во Албанија поради проектот на зетот на Трамп, ескалираа протестите

Хаос во Албанија поради проектот на зетот на Трамп, ескалираа протестите

24/07/2026
Најмалку 11 загинати а 3.500 беа повредени за време на иранскиот традиционален огнен фестивал

Огнената стихија пустоши во Франција: Илјадници жители и туристи ја напуштија областа

24/07/2026
Зулфиќар Зејнула пред избор за министер без ресор

Зулфиќар Зејнула пред избор за министер без ресор

24/07/2026
Врне дожд во цела Македонија: На Попова Шапка наврнало 55 литри дожд

Освежување по топлотниот бран: Пороен дожд и ветер во делови од земјата

24/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.