• Импресум
Tuesday, July 21, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Апел од МВР: На интернет се споделуваат лажни наградни игри, граѓаните да бидат крајно внимателни со кого споделуваат лични податоци

21/07/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Апел од МВР: На интернет се споделуваат лажни наградни игри, граѓаните да бидат крајно внимателни со кого споделуваат лични податоци

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи во изминатиот период констатираше зголемена појава на пријави за лажни наградни игри на интернет, преку користење на социјалните мрежи, особено преку социјалната мрежа Фејсбук, преку отворање на лажни профили именувани по некоја позната компанија од земјата со долгогодишно постоење, со цел неовластено прибавување на лични податоци од граѓаните.

При отворањето на лажните профили се користат логото и брендот на компанијата, со објава дека поради одреден повод (наводен роденден на компанијата и слично) се организира наградна игра со разни подароци за среќните добитници, како на пример вредносни ваучери, мобилни телефони и други наводни награди.

Притоа од граѓаните, за да учествуваат во овие наградни игри кои се лажни, од се бара да извршат допаѓање „like“ на страната и на конкретната објава, во коментар да напишат „учествувам“, како и да извршат нејзино споделување, со цел што повеќе да се рашири лажната наградна игра. Потоа од креаторите на овие лажни наградни игри им се испраќа порака на граѓаните дека се добитници на награда, а за нејзино подигање потребно е да ги дадат своите лични податоци, да испратат слика од нивната лична карта (од двете страни), како и фотографија од имателот на личната карта.

Оттаму, Министерството за внатрешни работи во интерес на заштита на граѓаните, на нивните лични податоци и можните злоупотреби и последици што можат да произлезат, апелира до јавноста за посебна внимателност при споделување на лични податоци на други лица, особено преку интернет.

-Воедно, апелираме до граѓаните со особено внимание и одговорно да постапуваат со своите лични податоци, да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може да им се утврди вистинскиот идентитет, велат од МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Контролен пораз за младата репрезентација против Бугарија
Вести

Македонија без промена на ФИФА рангирањето, Шпанија го презеде првото место

21/07/2026
Николоски: Продолжува силната поддршка за инфраструктурниот развој на Велес
Вести

Николоски: Продолжува силната поддршка за инфраструктурниот развој на Велес

20/07/2026
Протест на Независниот синдикат на здравствени работници пред МЗ
Вести

Забележано е почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар, информираат од МЗ

20/07/2026
Ох, пак со нов закон ќе го штитат Охрид од градежно насилство
Вести

Засилени контроли на улиците и патиштата во Охрид за време на високата посета

20/07/2026
Општина Прилеп бара максимална внимателност: Еден невнимателен чекор може да предизвика голем пожар
Вести

ЦУК: Активен пожар во Старо Нагоричане, пет се изгаснати

20/07/2026
Полицијата бара две малолетнички кои синоќа го напуштиле семејниот дом
Вести

Полицијата спречи опасен превоз на автопатот Велес – Скопје

20/07/2026
Следна вест
Објавен ревизорскиот извештај: Владата кратела пари од правосудството за да додели и до пет пати повеќе за себе

Објавен ревизорскиот извештај: Владата кратела пари од правосудството за да додели и до пет пати повеќе за себе

Најнови вести

Контролен пораз за младата репрезентација против Бугарија

Македонија без промена на ФИФА рангирањето, Шпанија го презеде првото место

21/07/2026
Николоски: Продолжува силната поддршка за инфраструктурниот развој на Велес

Николоски: Продолжува силната поддршка за инфраструктурниот развој на Велес

20/07/2026
Протест на Независниот синдикат на здравствени работници пред МЗ

Забележано е почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар, информираат од МЗ

20/07/2026
Ох, пак со нов закон ќе го штитат Охрид од градежно насилство

Засилени контроли на улиците и патиштата во Охрид за време на високата посета

20/07/2026
Општина Прилеп бара максимална внимателност: Еден невнимателен чекор може да предизвика голем пожар

ЦУК: Активен пожар во Старо Нагоричане, пет се изгаснати

20/07/2026
Полицијата бара две малолетнички кои синоќа го напуштиле семејниот дом

Полицијата спречи опасен превоз на автопатот Велес – Скопје

20/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.