Повеќе домаќинства во скопската општина Ѓорче Петров денеска привремено ќе останат без електрична енергија поради најавени интервенции во дистрибутивната мрежа.
Од надлежните служби информираат дека прекинот е дел од редовни активности за одржување и техничко унапредување на електроенергетскиот систем. Без струја ќе бидат корисниците на дел од улицата „Мечкин Камен“, во потегот од куќен број 33 до 45.
Снабдувањето со електрична енергија ќе биде прекинато во периодот од 09:00 до 14:00 часот, по што се очекува постепено нормализирање.
Од институциите посочуваат дека станува збор за планирани активности со цел зголемување на стабилноста и сигурноста на електродистрибутивната мрежа во овој дел од градот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












