Македонија ја очекува период на стабилно, сончево и многу топло време, со температури кои за време на викендот и во текот на следната работна седмица на повеќе места ќе достигнат и ќе надминат 40 степени Целзиусови.
Според прогнозите, времето ќе биде претежно сончево, со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Најтопло се очекува да биде за време на викендот, кога максималните дневни температури ќе се движат од 33 до 40 степени, а високите температури ќе продолжат и во првите денови од следната седмица.
За денес се прогнозира сончево и топло време со минимални температури од 10 до 22 степени и максимални од 33 до 39 степени.
Во сабота ќе биде сончево и многу топло, со утрински температури од 11 до 23 степени, додека дневните ќе достигнат од 33 до 40 степени.
Сончевото и жешко време ќе продолжи и во недела, кога минималните температури ќе се движат од 11 до 23 степени, а максималните од 32 до 40 степени.
Поради екстремно високите температури, се препорачува граѓаните да избегнуваат подолг престој на сонце во периодот од 11 до 17 часот, да внесуваат доволно течности и да преземат мерки за заштита од топлотниот бран.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












