Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во Дебар, каде што ќе присуствува на доделувањето на 47 социјални станови наменети за граѓани од ранливи категории. По настанот е предвидена изјава за медиумите.
Право на користење социјален стан имаат лица постари од 18 години кои до полнолетството биле згрижени во институции или други форми на згрижување без родителска грижа, корисници на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни непогоди, лица со попреченост и семејства со членови со попреченост, како и социјално загрозени припадници на ромската заедница согласно националната стратегија и самохрани родители со малолетни деца.
Доделувањето на становите има за цел обезбедување домување за граѓаните на кои им е најпотребна ваква поддршка.












