• Импресум
Sunday, June 21, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Филипче: Пензискиот фонд е на работ на одржливост поради владините мерки

29/11/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Венко Филипче: Следуваат сериозни кадровски промени во СДСМ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска остро ја критикуваше Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН, обвинувајќи ги дека го довеле пензискиот систем во сериозна финансиска нестабилност со, како што рече, „лоши и непромислени политики“.

Филипче прес-конференцијата ја започна со коментар дека од власта доаѓаат „невидени лаги и манипулации“, дури и од премиерот. Според него, се води кампања чија цел е вината за состојбата во пензискиот фонд лажно да се префрли врз СДСМ.

„Хаосот во пензискиот систем е нивно дело, не наше“, изјави тој, додавајќи дека владата ги користи институциите за политички притисок и дека пласира невистини дека СДСМ наводно сакал да ги намали пензиите.

Лидерот на СДСМ оцени дека предизборните ветувања и популистичките мерки на актуелната влада го довеле системот на „работ на одржливост“, што создава ризик и за редовната исплата и за идните зголемувања на пензиите.

Филипче потсети дека во времето на СДСМ бил применуван модел на усогласување на пензиите според 50% инфлација и 50% раст на платите, кој според него обезбедувал стабилност. Тој тврди дека доколку продолжел тој модел, голем дел од пензионерите денес би добиле повисоко зголемување од актуелните 1.000 денари што ги нуди Владата.

Тој оцени дека новото владино решение е „несоодветно и потенцијално противуставно“, повикувајќи се на сигналите што, како што рече, дошле од Уставниот суд.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на нафтата се зголемија за 8 отсто, аналитичарите го гледаат барелот на 100 долари
Вести

Нафтена дамка се шири во Каспиското Езеро, службите на терен

21/06/2026
Вандализам во училишен двор во Аеродром: Градоначалникот објави снимка од надзорни камери
Вести

Вандализам во училишен двор во Аеродром: Градоначалникот објави снимка од надзорни камери

21/06/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни
Вести

СДСМ предупредува на криза, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека економијата расте

21/06/2026
Утре почнува нова учебна година, ќе трае до 17 јуни, првпат ќе има и пролетен распуст
Вести

Над 11.800 слободни места за упис во средните училишта

21/06/2026
САД има начин да ја запре иранската нуклеарна програма, истакна Џеј Ди Венс
Вести

Американската делегација во Швајцарија: Во фокус крај на војната

21/06/2026
Истекува рокот на повикот за субвенции за нови авиолинии, утре отворање на понудите
Вести

Охрид и Виена поврзани со нова авиолинија која започнува од денес

21/06/2026
Следна вест
Власта да запре со предизборните вработувања

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче зборува за стандард, а заборава како ги понижуваа пензионерите

Најнови вести

Цените на нафтата се зголемија за 8 отсто, аналитичарите го гледаат барелот на 100 долари

Нафтена дамка се шири во Каспиското Езеро, службите на терен

21/06/2026
Вандализам во училишен двор во Аеродром: Градоначалникот објави снимка од надзорни камери

Вандализам во училишен двор во Аеродром: Градоначалникот објави снимка од надзорни камери

21/06/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

СДСМ предупредува на криза, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека економијата расте

21/06/2026
Утре почнува нова учебна година, ќе трае до 17 јуни, првпат ќе има и пролетен распуст

Над 11.800 слободни места за упис во средните училишта

21/06/2026
САД има начин да ја запре иранската нуклеарна програма, истакна Џеј Ди Венс

Американската делегација во Швајцарија: Во фокус крај на војната

21/06/2026
Истекува рокот на повикот за субвенции за нови авиолинии, утре отворање на понудите

Охрид и Виена поврзани со нова авиолинија која започнува од денес

21/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.