• Импресум
Saturday, July 18, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Франшизата како бизнис модел

20/10/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Франшизата како бизнис модел

Еден од докажаните бизнис-модели во светски рамки во економијата е франшизата. Најголемата придобивка од овој концепт е намалување на можностите за неуспех во самиот бизнис и овозможување атрактивност и понатамошна перспектива и развој.

Кога еден локален бизнис ќе направи успех во своето работење на одредена територија, има можност да го прошири работењето со пресликување на својата успешна работа на други локации и територии. Всушност франшизата е начин на ширење на сопствениот бизнис без капитал. Во светски рамки, најголем сектор каде што функционираат франшизите е угостителството. Првите десет најголеми франшизи според светските рангирања се во угостителството, и тоа во секторот брза храна.

Франшизата работи на принципот на реплицирање испробаните и проверени бизнис-формати во нови пазарни области, каде што стандардизацијата во работењето е од круцијално значење. Меѓутоа, во овој процес на проширување на пазарот, носителите на франшизен бизнис, „франшизерите“, треба да ги балансираат двата стратешки императиви на единството и на стандардизација од една страна, и на адаптација на локалните варијации во услови на економска средина од друга.

Стабилната слика на концептот на франшиза е од суштинско значење за нејзиниот интегритет и масовна промоција. Сепак, како иновативен момент кај франшизата се смета приспособувањето кон одредени компоненти на одреден пазар.

Франшизите што функционираат во Македонија, успешно се адаптираат на нашиот пазар. Може да се наведат некои специфичности за нив. Околу 65% од франшизите имаат по една франшизна единица т.е имаат едно продажно место или работат во корнер-франшиза. Тоа практично значи дека делат една продажна просторија со други франшизи. Само девет отсто од франшизите имаа повеќе од две франшизни единици. Едно од последните истражувања на македонскиот пазар, покажа дека во Македонија од вкупно 70 франшизи опфатени во истражувањето, имаат вкупно 130 франшизни единици, или во просек околу 1.6 единици по франшизен систем. Како за споредба, ќе ги земеме податоците од франшизното работење во Обединетото Кралство Британија, со 935 франшизни системи со вкупно 48.600 франшизи и преку 710.000 вработени (извор: thebfa.org).

Ако покажуваат светските рангирања дека франшизите во секторот брза храна се водечки по бројност, во Македонија најзастапени се франшизите во секторот мода, продажба на текстил и обувки.

Специфична е и состојбата на локални македонски франшизни системи. Сѐ уште сме во развој и на почеток на креирање на овој бизнис-сегмент. За разлика од земјите во светот, вклучувајќи ги и нашите соседи на Балканот што имаат голем развој на ова поле, ние сѐ уште ги правиме првите чекори и сме во фаза на креирање на првите домашни франшизни системи. Ова се должи на недоволната информираност за овој концепт на работа и на непознавање на бенефитите и на можностите за успешен бизнис. Во Македонија веќе има искусен кадар што работи на формирање или на имплементација на франшизни системи, како од областа на правниот сегмент така и од комерцијален аспект.

Со поголема промоција и едукација за франшизата како успешен модел за бизнис, секако ќе се зголеми популарноста и атрактивноста за иницијативите за сопствен бизнис или за развој на постоен бизнис, независно дали ќе биде на локална територија само во Македонија или ќе има експанзија и на интернационално ниво.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доцни вечери, алкохол и пиротехника: ИЈЗ со важни совети за безбедни празници
Вести

Стручни екипи на ИЈЗ работат и за викенд по случајот во Гостивар

18/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии
Вести

Девојка пријавила дека била набљудувана додека пробувала облека во гардероба

18/07/2026
Град Скопје обезбедува вода за жителите на Гостивар
Вести

Град Скопје обезбедува вода за жителите на Гостивар

18/07/2026
Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите
Вести

Наскоро одговори за масовните стомачни тегоби во Гостивар, најави Мицкоски

18/07/2026
Од бебе во рацете на Меси до ривал во финале на Светско првенство
Вести

Од бебе во рацете на Меси до ривал во финале на Светско првенство

18/07/2026
Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау
Вести

Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау

18/07/2026
Следна вест
Какво време не очекува денес

Какво време не очекува денес

Најнови вести

Доцни вечери, алкохол и пиротехника: ИЈЗ со важни совети за безбедни празници

Стручни екипи на ИЈЗ работат и за викенд по случајот во Гостивар

18/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии

Девојка пријавила дека била набљудувана додека пробувала облека во гардероба

18/07/2026
Град Скопје обезбедува вода за жителите на Гостивар

Град Скопје обезбедува вода за жителите на Гостивар

18/07/2026
Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите

Наскоро одговори за масовните стомачни тегоби во Гостивар, најави Мицкоски

18/07/2026
Од бебе во рацете на Меси до ривал во финале на Светско првенство

Од бебе во рацете на Меси до ривал во финале на Светско првенство

18/07/2026
Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау

Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау

18/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.