Претседателот на Социјалистичката партија на Србија и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, е итно хоспитализиран по нагло влошување на здравствената состојба. Според лекарите, неговата состојба е сериозна, а следните 72 часа се сметаат за клучни.
Докторот Спасоје Поповиќ, дел од медицинскиот тим кој се грижи за него, изјави дека Дачиќ е приклучен на респиратор и се лекува од двојна пневмонија, при што прима интензивна терапија.
„Се бориме за неговиот живот и следните 72 часа се клучни“, изјави Поповиќ.
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва го посети Дачиќ во Клиниката за пулмологија при Клиничкиот центар на Србија, заедно со членови на владата. Тој изјави дека ситуацијата е тешка, но изрази надеж во лекарите и во закрепнувањето на вицепремиерот.
„Веруваме во лекарите, веруваме во него и се молиме за негово оздравување“, изјави Вучиќ.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












