Намалувањето на потрошувачката на струјата, заштеди, замена на печките на дрва со инвертери, намалување на загадувањето на воздухот… ова се постојани рефрени на власта во изминативе години. За тоа има и причини: чадот од оџаците на домаќинствата е голем аеро-загадувач, старите клима – уреди веќе се прескапи за одржување и недоволно греаат…
Власта многупати до сега се најавуваа и планови, мерки… околу ова. И еве сега пред избори ќе реализира една мерка:
Министрите се сетија на она што го ветуваа пред шест години па сега објавија дека ќе доделува ваучери за набавка на инвертер клима – уреди. Од денеска, како што вчера најави министерот за економија Крешник Бектеши, граѓаните може да се пријавуваат за доделување на околу 7.000 ваучери за набавка на овие енергетски уреди












